Љубовен хороскоп за октомври 2018: Близнаците ќе почнат тајна авантура, Скорпиите ќе се вратат на старата љубов
Вага
Ако сте во врска:
Со саканата личност нема да успеете да се усогласите околу семејните обврски на почетокот на месецот и ќе бидете преоптоварени со тешкотии од материјален аспект. Можни се љубоморни сцени, зголемени страсти и испади на посесивност, но во втората половина ќе го подобрите она што би било негативно во односот. Ќе разговарате отворено и искрено за она што ви смета и ќе ги оставите несогласувањата зад вас.
Ако сте слободни:
Првата декада на октомври ќе помине во напната атмосфера, бидејќи личноста која ви се допаѓа ќе ги игнорира вашите сигнали и ќе се заинтересира за некој друг. Тоа ќе ви предизвика љубомора и може да бидете склони кон сцени и испади. Потоа може да се свртите кон поранешниот партнер кој уште не ве преболел и ќе си дадете нова шанса.
Скорпија
Ако сте во врска:
Можно е да дојде до заладување на односите со партнерот, а причина за тоа се недоразбирања, недоволно посветување внимание и нерешени проблеми од минатото. Во втората половина ќе успеете да го ублажите несогласувањето, но ќе мора да промените многу ваши ставови во однос на партнерот и да внесете нешто ново за да ја освежите врската и да го подобрите односот.
Ако сте слободни:
Личноста за која имате чувства и со која се обидувате да воспоставите емотивна врска, ќе направи нешто што ќе ве разочара, па ќе се откажете од обидот да ја привлечете. Заради разочарувањето кое ќе ве погоди, ќе се впуштите во страсна и кратка авантура, бидејќи ќе сфатите дека тука нема ништо повеќе од тоа. Кон крајот може да се сретнете со поранешната љубов и да размислите за обновување на врската.
Стрелец
Ако сте во врска:
Тешко ќе се приспособувате еден на друг со партнерот, посебно кога станува збор за инвестиции, бидејќи партнерот ќе има сомнежи дека нешто криете. Во втората половина на месецот може да очекувате уште еден конфликт за заедничките планови, а потоа ќе го доведете во ред односот. Бидете подготвени на компромиси и земете ги работите во свои раце.
Ако сте слободни:
Првиот дел од месецот ќе ви биде динамичен и може да имате шанса да влезете во емотивна врска, но ќе бидете внимателни и нема да се залетувате заради минати непријатни искуства. Нема да ви се допаѓаат личностите кои ќе ви приоѓаат, бидејќи на секој ќе му недостасува нешто од она што го барате. Кон крајот на месецот може да се појави некој поразличен од просекот и ќе ви го исполни срцето.
Јарец
Ако сте во врска:
Крајно време е да се посветите на заедничките активности со саканата личност и да ја намалите грижата за секакви други работи освен за љубовта. Во првата половина на октомври ќе ве очекуваат многу искушенија за заедничките планови, а можни се конфликти. Во другата половина на октомври ќе бидете изненадени од тоа колку на партнерот му значите и ќе го надоместите пропуштеното време.
Ако сте слободни:
Вашите потреби во љубовта ќе бидат повеќе површни отколку што ќе чувствувате потреба за постојана врска. Ќе се обидете да влезете во авантура со личност која не е слободна, но брзо ќе се разочарате бидејќи нема да ви годи во ниту едно поле. Друга личност на која ѝ се допаѓате ќе биде љубоморна за вашите авантури и ќе се обиде да ви привлече внимание, а до крајот на месецот можеби ќе успее.
Водолија
Ако сте во врска:
Во првата половина на октомври обрнете повеќе внимание на потребите на вашиот партнер. Ќе бидете склони да се затворате во себе заради други грижи и ќе ја занемарите саканата личност. Може да ве изненадат тајните кои ќе излезат на виделина заради нешто што не сте решиле на време. Во втората половина на октомври ќе почнете да водите долги разговори за да може да си ја најдете повторно среќата.
Ако сте слободни:
На некоја забава или дружба може да забележите некој кој ќе ви привлече внимание и со кој ќе започнете разговор. Ќе се чувствувате пријатно заради информираноста на личноста, културното однесување и смислата за хумор. Ќе почнете да излегувате заедно, а на почетокот симпатијата може да биде малку воздржана околу интимните прашања кои се нешто повеќе од само забава, но понатаму ќе почне да се отвора.
Риби
Ако сте во врска:
Нема да може лесно да се согласите со партнерот околу исполнување на заедничките цели и ќе почнете да се сомневате дека нешто крие од вас. Понекогаш ќе ви недостасува поддршка и ќе почне емотивно да се повлекува. Едно недоразбирање може да предизвика тешки зборови, а најмногу потешкотии ќе имате во комуникацијата во текот на октомври. За среќа, ќе успеете да најдете заеднички јазик после повеќе кавги и ќе се вратите во рамнотежа.
Ако сте слободни:
Ќе се чувствувате празно и разочарано во првата половина на октомври. Некој за кој сте имале високи очекувања ќе се покаже како невозможна мисија и мислењето ќе ви се намали. Разочарувањето нема да трае долго бидејќи неочекувани ќе ве побара некој кој одамна не сте го виделе, а во минатото сте имале емотивна врска. Ќе бидете пријатно изненадени и ќе ви годи промената.
М. М. | Црнобело / depositphotos.com