Љубовен хороскоп за октомври 2018: Близнаците ќе почнат тајна авантура, Скорпиите ќе се вратат на старата љубов
Како ќе се одвива вашиот љубовен живот во октомври и какви предизвици ве очекуваат на ова поле?
Дали ќе успеете да ја задржите страста и добриот однос во врската или ќе бидете подлежни на несогласувања?
Ќе успеете да ја најдете вашата љубов или постојано ќе влегувате од една во друга авантура?
Или можеби, ќе паднете под влијание на старата љубов и ќе си дадете повторна шанса?
Што ве очекува во октомври според хороскопскиот знак, дознајте во продолжение:
Овен
Ако сте во врска:
Во љубовните односи може да земе замав љубомората што може да предизвика сериозни кавги, а несогласувањата најмногу ќе настанат околу заедничките вложувања и буџетот. Во средината на октомври ќе најдете некое решение, а разговорот и признавањето на грешките се најдобар начин за тоа. До крајот на месецот повторно ќе имате пријатна љубовна романса.
Ако сте слободни:
Може да очекувате средба со поранешната љубов, а тоа ќе ве вознемири, но сетете се зошто сте се разделиле. Личноста која ви се допаѓа ќе дознаете дека има некој друг, па очекувањата ќе ви пропаднат во вода, а желбата за поранешната љубов повторно ќе се разгори. Бидете внимателни, бидејќи кон крајот на месецот се очекува обновување на љубовта, па одлучете што сакате.
Бик
Ако сте во врска:
Месецот може да ви биде стресен и променлив на поле љубов, а можно е да излезат несогласувања со партнерот околу заедничките планови. Секој ќе тера по своето и тешко ќе се сложувате, но обидете се што повеќе да избегнувате кавги. Во втората половина, ќе се намали тензијата и ќе постигнете заеднички договор.
Ако сте слободни:
Ќе се обидувате да ѝ привлечете внимание на личност која ќе ја запознаете во друштво и ќе ви се допадне на прв поглед. Можно е да треба да се „натпреварувате“ со уште еден конкурент што ќе ве стави во непријатна ситуација. Во исто време, за вас ќе биде заинтересирана друга личност која може да е подобра опција од онаа која се обидувате да ја освоите. Внимавајте да не пропуштите шанса.
Близнаци
Ако сте во врска:
Вашиот партнер може да биде незадоволен од вниманието кое му го посветувате на почетокот на месецот и врската ќе ви се најде пред искушенија. Во случај нешто да сте криеле, може да очекувате кавги бидејќи партнерот ќе дознае. Втората половина ќе ви донесе нејаснотии во односот, па ќе мора повеќе да се трудите да наоѓате заеднички јазик и решение за подобрување на довербата.
Ако сте слободни:
Ќе ви привлече внимание личност која ќе ја запознаете во бизнис круг или преку заеднички пријател. Симпатиите ќе бидат обострани, но може да дознаете дека личноста е во врска или брак. Ќе добиете предлог за тајна авантура, но уште од почетокот ќе ви изгледа напнато и несигурно, па брзо ќе се откажете. Можно е истата понуда да ја добиете и од други личности, а на некоја од нив да потпаднете.
Рак
Ако сте во врска:
Првата декада на октомври може да ви донесе несогласувања со партнерот, а незадоволствата кои сте ги потиснувале ќе ви предизвикаат нарушувања во односот. Разговарајте за проблемот отворено, па во втората половина ќе се стабилизирате. Потребни ви се редовни ритуали за заедничкиот живот и потрудете се да го надоместите тоа што сте го пропуштиле досега.
Ако сте слободни:
Првата половина на октомври ќе ви донесе хаотични случувања во љубовниот живот. Обидот да се приближите до некој што ве привлекува ќе предизвика тензии и разочарување, заради што ќе се откажете. Потоа очекувајте да ви пријде некој кој на прв поглед ќе изгледа дека задоволува поголем дел од вашите критериуми, па може да започнете сериозна врска.
Лав
Ако сте во врска:
Очекувајте повторување на некои несогласувања кои сте ги имале претходно со партнерот и немојте повторно да правите исти грешки. Избегнувајте љубоморни сцени и кавги околу ситници. Кон крајот на октомври ќе успеете да ги надминете несогласувањата така што ќе сфатите што е неопходно за односот да ви стане поусогласен. Ќе промените нешто во однесувањето и пристапот, што ќе влијае позитивно.
Ако сте слободни:
Личноста со која сте се обиделе да остварите емотивна врска, но со која сте имале само кратка авантура, ќе продолжи да ви привлекува внимание. Често ќе се сретнувате на исти места и повторно ќе се разгорат страстите. Овојпат може да имате шанса за нешто повеќе од физички однос, па продолжете да чекорите по тој пат бидејќи врската може да биде успешна.
Девица
Ако сте во врска:
Често ќе отворате разговор за меѓусебните очекувања и емоции, како и за незадоволството од односот. Околу тоа може да излезат некои кавги, па дури и љубоморни сцени кои во втората половина ќе ги разрешите. Ќе увидите каков е вашиот однос кон партнерот и ќе ја подобрите комуникацијата како и довербата. Кон крајот на месецот очекувајте подобро разбирање и мотивација.
Ако сте слободни:
Ќе се чувствувате несигурно и ќе правите грешки во обид да привлечете внимание на личност која ќе ви делува како идеален партнер. Со тек на време ќе сфатите дека таа личност нема интерес за вас и ќе бидете разочарани. Во втората половина на месецот ќе ви пријде некој што ќе ве потсети на некој во кој сте биле заљубени во минатото. Помеѓу вас брзо ќе се развијат симпатии и разговори за заеднички интереси, а до крајот на месецот може да започнете нешто.