Скорпијата манијачи низ прозорецот, Водолијата шета гола - што прави секој од знаците кога е сам дома?

Зарем има подобро чувство од тоа да си сам дома? Тогаш имаме целосна слобода да правиме сè што сакаме, да смислуваме смешни кореографии на хитови од ’90-тите, да пееме караоке, да се почестиме со еден (или пет) пијалаци или пак да се релаксираме со некоја добра книга.

Sto-pravi-sekoj-od-znacite-koga-e-sam-doma-01.jpg

Всушност, секој од знаците во Зодијакот има различна замисла за тоа како треба да изгледа времето кое го поминуваме сами дома. Еве што прави секој од нив:

ОВЕН

Го отвора фрижидерот по 100 пати во потрага по нешто вкусно за јадење. На секое затворање се жали на глас (иако е сам дома) како нема ништо. На 101 отворање сепак зема парче кашкавал и го грицка додека се обидува да смисли што да си нарача за јадење.

БИК

Бикот спие. Тој го користи секој слободен миг за одмор. Не е важно дали има или пак нема никој дома, Бикот секогаш спие во најцврстиот длабок сон од кој нема да го разбудат ниту 10 сирени, земјотрес или поплава.

БЛИЗНАЦИ

Грицкаат нешто солено, па се префрлаат на благо, па повторно солено… низ главата им поминува мислата – „Доколку дојде сега некој да ме убие или ограби, што ќе му направам?“, и смислуваат дваесетина различни сценарија додека задоволно се смешкаат од сопствените генијални налудничави идеи.

РАК

Веројатно уште не сфатил дека е сам дома. Се врти наоколу во потрага по меко ќебенце да се покрие бидејќи вечно му студи на стапалата. Колку би било убаво да се свари и едно топло чајче… а колачиња да имаше барем? Си пуштаат романтичен филм и кришум излеваат кофа солзи, бидејќи сè уште не се сигурни има или нема некој дома.

ЛАВ

„Што прават луѓето сами дома? Не ми е јасно. Предосадно е. Да читам малку… (ја отвора книгата, се откажувам по првите 3 страници, се дотерува и излегува надвор со пријателите).

ДЕВИЦА

Пушта гласна музика и почнува да ги пее своите омилени песни, нешто што не би се осудила да го направи никогаш јавно или пред пријателите. Испробува 10 различни лакови за нокти, го употребува секој можен козметички производ од несесерот додека се шминка и си прави смешна фризура. Пред да се вратат сите, се средува самата себе и домот, исто како да не се случило ништо. 

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
Астро ќоше: Зошто е уште сингл секој хороскопски знак? Бикот уште е заљубен во бившиот/бившата. Зошто другите хороскопски знаци се уште...
Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...
Хороскопските знаци рангирани според педантноста - Кој чисти секој ден? Лавови, вие сте премногу зафатени да се гледате себеси во огледалото за да го ви...
Кој е вашиот најсреќен ден во 2024 година, според хороскопскиот знак? Оваа година ситуацијата ќе биде подобра во однос на вашиот љубовен живот, особен...
3 хороскопски знаци кои секогаш мора да се во право кога се во врска Со нив е тешко да се излезе на крај, зашто, колку и да се заљубени и си го сакаа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg