Хороскопски знаци кои фатално се привлекуваат – а сосема се разликуваат
Има парови на кои навидум не им е „пишано“ да бидат во врска. Нивните карактери се дијаметрално различни, така што малкумина би поверувале дека е возможно да се поврзат. Сепак, тие магнетски си се привлечни, па на некаков чудесен начин завршуваат заедно.
Велат за врската е потребно доста труд и откажувања. Од друга страна, ништо не вреди ако не постои хемија помеѓу партнерите. Чувството на пеперутки во стомакот, како и она дека со вашата сродна душа сте родени под иста ѕвезда.
Кога станува збор за ѕвездите, астролозите се децидни дека три љубовни двојки ги надминуваат прогнозите и очекувањата. Иако се оддалечени светлосни години и поседуваат тотално поинакви особини, некако го наоѓаат патот едни до други. И тоа е навистина магично.
Ова се хороскопските знаци кои фатално се привлекуваат – а сосема се разликуваат:
Првите сакаат сѐ да држат под контрола. Уживаат кога сите погледи се вперени кон нив и луѓето им се восхитуваат. Кај другите, пак, ситуцијата е обратна. Спонтани, мирни и креативни, тие баш и немаат желба да бидат во центарот на вниманието. А, што кога заедно се во врска? Водолиите ќе им помогнат на Лавовите да се опуштат. Лавовите, пак, со дарежливоста и великодушноста, дефинитивно ќе ги израдуваат Водолиите.
Обата знака имаат – зависно од како се расположени – комплетно различни карактери. Сепак, дури и кога не се чувствуваат исто во дадениот момент, тие покажуваат разбирање за туѓата волја, па се прилагодуваат еден на друг. Ова создава моќна сила на привлечност помеѓу двајцата. Иако секогаш искрените Стрелци ги вади од такт некогаш подмолното однесување на Близнаците.
Тие се мошне чувствителни и страствени личности. На ова се потпира изразената сексуална хемија што постои меѓу нив. И двата знаци го сакаат успехот, ама различно стигаат до истиот. Биковите се амбициозни, па директно и незапирливо итаат кон целта. Скорпиите, пак, трпеливо чекаат, верувајќи ѝ на сопствената интуиција. Во врската може совршено да се вклопат – и тогаш заедно се посилни.
М. А. | Црнобело