Не чекајте на нив: 4 хороскопски знаци кои ќе ви ги расипат плановите
Скорпијата некогаш ќе ве остави да чекате со часови само затоа што западнала во некое чудно расположение и има потреба од самотија.
Правите план за забавни активности и се договарате со пријателите? На кои пријатели можете да се потпрете дека навистина ќе дојдат, а кои ќе ви извисат како многу пати досега?
Некои хороскопски знаци едноставно како постојано да им ги расипуваат плановите на пријателите.
На кои хороскоспки знаци не треба да се потпирате дека ќе си стојат на зборот:
Рак
Имаат екстремни промени во расположението и постојано некои потреби. Или се гладни или им се спие или не се расположени, па така кога ковате планови со нив бидете внимателни. Лесно ќе ве извисат ако во моментот чувствуваат дека не сакаат да го напуштат нивниот удобен дом.
Вага
Тие се хронично нерешителни и би сакале ако е возможно да бидат на две места едновремено. Тие се социјални камелеони и секогаш се расположени за шетање, но постои шанса да ве извисат ако некој им понуди позабавна опција. Голема е веројатноста да не ви се појават на договореното место и време.
Скорпија
Тие се екстремно таинствени и постојано се сомневаат во луѓето околу нив. Понекогаш ги зафаќа некое чудно расположение и во таквите мигови избегнуваат социјална интеракција колку што можат повеќе. Знаат да се сокријат од сите и да уживаат во осаменоста како ретко кој.
Риби
Тие се симбол за луѓе кои одат со текот на работите. Лесно може да зборуваат со часови на некоја општа тема, но и да се расплакаат. Емотивни се и не можете да ги присилите на ништо. Дури и да се обидувате тие ќе ви се лизнат низ рацете и повторно ќе ве извисат. Кога правите планови со нив никогаш не можете да бидете сигурни дали ќе се појават или не.
С. С. | Црнобело