3 хороскопски знаци кои се ужасни во договарањето состаноци

Во Зодијакот постојат знаци кои се многу одговорни и еднаш договорен датум со нив, никогаш нема да биде заборавен и ќе се појават точно на договореното место, во договорениот термин. Постојат и такви кои мора да ги потсетите, но и оние врз чија меморија и (не)одговорност никогаш не можете да се потпрете...

Tri-horoskopski-znaci-koi-se-uzhasni-vo-dogovaranjeto-sostanoci-01.jpg

Погледнете со кои три хороскопски знаци треба двојно да ги потврдувате договорите, да ги потсетувате, но дури и да очекувате да ви откажат во последен момент.

Овен

Секој обид да закажете состанок со Овен може да резултира со фрустрација. Од една страна, кога ќе успеете еднаш да ги договорите, ќе сфатите дека се одлично друштво, но додека да стигнете до договорот, може да поминете многи „планини и мориња“, неколку откажувања или пролонгирање на времето или датумот.

Исто така, немојте да се чудите ако откажат еден договор, доколку во меѓувреме им „влета“ нешто што според нив е подобро.

Близнаци

За разлика од Овенот, Близнаците можат да ве извисат, но подоцна ќе им биде жал и ќе се чувствуваат ужасно поради тоа. Но, нема да научат ништо од оваа лекција, па ваквото однесување може да им се повтори. Така, со нив ќе влезете во циклус на нервоза поради доцнењето или заборавањето и непрестајното извинување за нивното однесување.

Но, немојте да се чудите и ако претставникот на овој знак се повлече пред вас. Тие, едноставно, се чувствуваат ужасно и навистина се плашат да се соочат со последиците од нивното однесување.

Стрелец

Шармот и допадливоста на овој знак не помагаат да се компензира за нивната неодговорност. На нив не можете да се потпрете дури и ако се договорите да се најдете за 10 минути на кафе на клупа во паркот. Ова се случува бидејќи Стрелецот лесно може да биде „занесен“ ако некој во меѓувреме им се обрати за нешто.

Тие губат чувство за време, па може да се случи да си го испиете кафето сами на клупата и да се вратите на работа.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Еден хороскопски знак кој важи за најлош во кревет (+зошто) Сексот со припадниците на овој хороскопски знак може да ви биде големо разочарув...
6 хороскопски знаци на кои често им е подобро сингл (+ зошто) Oвен: Сакаат спонтаност и лична слобода и не им е пријатно кога треба да прават ...
5 хороскопски знаци кои имаат тежина во душата по секоја кавга Знаете кога во народните приказни ќе кажат „имам жаба на душата“? Епа таков тип ...
6 хороскопски знаци кои (најверојатно) ќе имаат богати партнери во животот Бик: Тие се познати по тоа што го ценат луксузот и комфорот, па природно им доаѓ...
3 хороскопски знаци кои ќе доживеат голема љубов во 2024-та Бидете отворени за нови познанства, но не влегувајте избрзано во врска за да не ...
3 хороскопски знаци кои ќе ја пронајдат љубовта во есен 2024 Јарец: Ќе ја пронајдете стабилноста и љубовта за која одамна копнеевте. Оваа есе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg