Егоцентрични нарциси: Овие три хороскопски знаци се сакаат себе повеќе од сè друго

Иако не е квалитет со кој треба да се фалат, овие три хороскопски знаци имаат изразени нарцистички особини кои некогаш им даваат голема предност пред сите останати.

egocentrichni-narcisi-ovie-tri-horoskopski-znaci-se-sakaat-sebe-povekje-od-se-drugo-001.png

Едноставно, во своите очи тие си се најдобри за себе и сè прават за да им биде нив најубаво и да се истакнат во прв план.

Овен

Првиот знак во Зодијакот има многу квалитети, но и една огромна маана која им пречи на сите кои ги познаваат, а тоа е нивната изразена самозаљубеност.

Да, здраво е да се сакате себе, но не и да претерувате во истакнувањето колку сте паметни, убави и посебни. Тоа може да ве чини многу пријателства, а нема да ви помогне ниту во љубовта.

Вага

Припадниците на овој знак сакаат убави нешта и убави луѓе и очекуваат сè околу нив да биде беспрекорно. Лошото кај нив е што мислат дека и тие припаѓаат во таа „убавина“. Сакаат да привлекуваат внимание и очекуваат посебен третман од луѓето околу нив.

Вагата обожава да зборува за своите успеси, па дури и да ги преувеличува. Дури и да сте направиле нешто подобро од нив, тие ќе направат сè за да изгледа дека нивното било подобро.

Лав

Лавовите се познати по својата егоцентричност, но и дека не се ни трудат да го камуфлираат тоа. Тие си се обожаваат себе, сакаат да бидат во центарот на вниманието.

За разлика од претходните два знака, Лавовите умеат да бидат обожавани во друштвото, бидејќи се подготвени да направат нешта што не ги сакаат, само за да се зборува убаво за нив.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Еден хороскопски знак кој важи за најлош во кревет (+зошто) Сексот со припадниците на овој хороскопски знак може да ви биде големо разочарув...
6 хороскопски знаци на кои често им е подобро сингл (+ зошто) Oвен: Сакаат спонтаност и лична слобода и не им е пријатно кога треба да прават ...
5 хороскопски знаци кои имаат тежина во душата по секоја кавга Знаете кога во народните приказни ќе кажат „имам жаба на душата“? Епа таков тип ...
6 хороскопски знаци кои (најверојатно) ќе имаат богати партнери во животот Бик: Тие се познати по тоа што го ценат луксузот и комфорот, па природно им доаѓ...
3 хороскопски знаци кои ќе доживеат голема љубов во 2024-та Бидете отворени за нови познанства, но не влегувајте избрзано во врска за да не ...
3 хороскопски знаци кои ќе ја пронајдат љубовта во есен 2024 Јарец: Ќе ја пронајдете стабилноста и љубовта за која одамна копнеевте. Оваа есе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg