Љубовен хороскоп за јуни 2018: Овните ги очекува возбудлива игра, Близнаците - паралелна авантура
Вага
Ако сте во врска:
Првата половина на јуни ќе биде исполнета со динамика и ќе имате простор да ги остварите вашите планови, бидејќи партнерот ќе ви излезе во пресрет. Можно е да одите на патување, а моментите кои ќе ги поминувате заедно ќе ви бидат незаборавни. Втората половина на месецот носи компликации, а ќе заземете различни ставови на тема меѓусебни потребни и желби. Ова несогласување ќе го решите само ако сте подготвени на компромис.
Ако сте слободни:
Иако сте заинтересирани да најдете некој што ќе ви одговара на потребите во љубовта, но подолго време не ви се укажува можност. Доколку одите на патување, можно е да запознаете некој со кој ќе влезете во страсна авантура, но внимавајте тоа да не прерасне во нешто повеќе, бидејќи постои голема шанса врската да продолжи на далечина, а не сте сигурни колку го сакате тоа.
Скорпија
Ако сте во врска:
На почетокот на месецот ве очекува хармонија која долго време ја посакувате во врската со партнерот. Ќе ви се исполни желба кон која сте тежнееле одамна, а саканиот/а ќе има разбирање за вашите потреби и ќе ви пружи неизмерно внимание и поддршка. Кон средината на месецот можни се сериозни несогласувања. Партнерот ќе има други обврски, а вие потреба за поголема слобода. Ситуацијата ќе ја отежнат и финансиски несогласувања. Однапред бидете подготвени на компромиси.
Ако сте слободни:
Нема да го постигнете очекуваниот резултат во обидот да ја привлечете повеќе личноста која ви се допаѓа. Ќе се откажете и ќе продолжите понатаму, но тешко ќе најдете некој друг, бидејќи неуспехот постојано ќе ви биде во мислите. Дури кон втората половина на јуни ќе имате можност да запознаете нова личност која од старт ќе реагира позитивно на вашиот флерт, иако ќе биде потребно сепак малку повеќе труд.
Стрелец
Ако сте во врска:
Во првата половина на месецот ќе бидете полни со идеи и предлози кои ќе му се допаднат на партнерот. Ќе поминувате повеќе време во разговори и планирање на заеднички цели, а некои од нив за кратко ќе успеете да ги остварите. Во втората половина саканиот/а ќе заземе различни ставови за заедничкиот буџет, а можни се и несогласувања околу недостатокот на меѓусебна поддршка. Можни се и љубоморни сцени, што ќе мора да се реши со компромис.
Ако сте слободни:
Во овој период ќе бидете повеќе заинтересирани за личен развој, патувања, дружба со пријатели и сопствени задоволства, отколку да се посветите и ангажирате за нова љубовна врска. Ќе бидете склони кон кратки авантури, а токму таква можност ќе ви се појави во почетокот на месецот. Ќе ја искористите шансата, а задоволството ќе биде меѓусебно. Ќе биде кратко, но динамично и страсно.
Јарец
Ако сте во врска:
Во првата половина на јуни ќе бидете расположени за забава и ќе му предлагате на партнерот места на кои би сакале да излегувате, како и дестинации кои сакате да ги посетите. Очекувајте исполнет распоред со настани на кои ќе присуствувате и уживајте во моментите, бидејќи втората половина ви носи несогласувања и кавги за заедничките цели. Неопходно е да најдете заедничко прифатливо решение.
Ако сте слободни:
Некој со кој долго време се дружите ќе почне повеќе да ви приоѓа и да планира средби на само со вас. Брзо ќе ги сфатите сигналите, но вие чувствувате привлечност кон друга личност која пак вам не ви обрнува внимание. Така ќе почнете да поминувате повеќе време со личноста која се труди да ве заведе, а тоа ќе ви годи. Сепак, одлуката дали ќе прерасне авантурата во нешто повеќе ќе мора да почека.
Водолија
Ако сте во врска:
Ќе имате поголемо слободно време кое ќе го посветите на саканата личност и на заеднички забави кои ќе ви годат на двајцата. Можни се минливи несогласувања во врска со финансиите, но ќе ги надминете со разговор и трпение. Во другата половина на месецот ќе добиете нови идеи за уредување на домот, за што ќе се ангажирате заеднички. Избегнувајте криење тајни и премолчување на работи за да избегнете сериозни несогласувања и оладување на односите.
Ако сте слободни:
Во првата декада на јуни ќе запознаете личност која многу ќе ве привлече и со која од првите моменти ќе откриете многу заеднички интереси. Ќе имате долги разговори на теми кои ве интересираат, а тоа ќе придонесе за пријатно расположение и желба за зближување и авантури. Искористете ја шансата бидејќи ваква прилика ретко ви се овозможува.
Риби
Ако сте во врска:
Првата декада на јуни е поволна за остварување на заеднички планови и за сè што е поврзано со семејни обврски. Ќе имате повеќе време да се посветите целосно на врската и односите во љубовта и распоредот ќе ви биде исполнет со забави и дружби со блиските. Во втората половина потешко ќе успевате да си посветите време заради приватните обврски, но ако малку се потрудите ќе успеете да функционирате.
Ако сте слободни:
Ќе се обидете да ѝ привлечете внимание на личноста која ви се допаѓа и ќе имате впечаток дека работите одат во добра насока, но потоа работите ќе се сменат. Ќе имате потреба постојано да почнувате одново заради некои ситни пропусти и поголем дел од месецот ќе ви помине во одушевување и разочарување. Одеднаш ќе се појави некој кој дискретно ќе флертува со вас, а тоа ќе ви се допадне, па ќе сфатите дека сте губеле време на погрешни личности.
М. М. | Црнобело