Љубовен хороскоп за јуни 2018: Овните ги очекува возбудлива игра, Близнаците - паралелна авантура
Летото е пред самиот праг, но што може да очекувате во љубовните односи?
Дали ќе планирате пријатни заеднички моменти или можеби летните денови ќе ги поминете во авантура?
Во продолжение, откријте што ви носи месец јуни на поле љубов:
Овен
Ако сте во врска:
На почеток на месецот очекувајте повеќе радосни моменти, оптимизам, романтика и заеднички поминато време. Можно е да одите на патување и да поминете возбудлив викенд со саканиот/а. При крајот на месецот ќе се зголемат страстите, но и љубомората и несогласувањата. Внимавајте и чувајте се од дупли игри, флерт со други и прикривање на вистината.
Ако сте слободни:
Првата декада на месецот ќе ви биде исполнета со динамично темпо кое ќе ви годи. Ќе запознаете личност која на прв поглед ќе ви се допадне и ќе одлучите да ја освоите. Очекувајте возбудлива игра, бидејќи иако ќе се служите со вашиот шарм и искуство, секојпат кога ќе се доближите до личноста, таа вешто ќе се извлече и ќе ви упати нов предизвик. При крајот на месецот можеби ќе успеете да започнете авантура.
Бик
Ако сте во врска:
Односите со саканата личност ќе ви бидат исполнети со многу среќни моменти. Ќе ви се отвори можност за патување и ќе може да посетите место кое долго време планирате да го видите. Сепак, бидете внимателни на заедничките трошоци. Страста ќе ви биде на завидно ниво, но избегнувајте љубоморни сцени. Во втората половина почесто ќе излегувате со пријатели, а на партнерот тоа може да му пречи. Ќе мора да направите компромис за да посветите внимание на сите кои ви значат.
Ако сте слободни:
Ќе ве привлекува интелигентна личност, која истовремено е забавна и со која ќе имате многу заеднички теми за разговор. На почетокот ќе бидете заинтересирани и за врска, но во втората половина на месецот ќе забележите дека немате иднина со личност која мисли само на себе. Несогласувањата може да придонесат да донесете одлука за крај на авантурата, а ако не бидете внимателни може да бидете разочарани.
Близнаци
Ако сте во врска:
На почетокот на месецот очекувајте многу забава, чести излегувања, пријатна комуникација и убави моменти со саканата личност. Ќе имате можност да ги остварите заедничките цели, а тоа ќе ја подобри целосно врската и блискоста помеѓу вас. Во втората половина на месецот може да се опуштите и да не обрнувате многу внимание на партнерот и да бидете посветени на приватни цели. Обидете се да не предизвикате кавги.
Ако сте слободни:
Почетокот на јуни ќе ви донесе возбудливи случувања, а во вашиот живот ќе влезе личност која ќе ве заведе и брзо ќе направи да посакате нешто повеќе. На почеток, авантурата ќе се заснова на заемна физичка привлечност, а во втората половина ќе се појави и друга личност подготвена за авантура. Ќе влезете во паралелна врска без размислување, а потоа ќе се најдете во интриги и проблеми.
Рак
Ако сте во врска:
Првата половина на јуни е погодна за секакви видови на забавни активности со партнерот, како и заедничко патување. Ќе знаете како да ја направите среќна саканата личност, а ќе поминувате повеќе време заедно. Ќе си ги исполнувате меѓусебните желби, а тоа ќе ви го зајакне односот. Во втората половина комуникацијата може да отежни, а тоа ќе доведе до недоразбирања. За да избегнете компликации, наоѓајте заеднички прифатливи решенија.
Ако сте слободни:
Месец јуни ќе ви донесе многу шанси за заљубување, но потребно е внимателно да бирате, бидејќи трпението е неопходно, а и тактиката. Повеќе пати ќе се најдете во ситуација да посакате да се откажете од изборот, но упорноста ќе ви донесе неочекувани резултати. Ставете ги добрите манири и мудроста на прво место и обидувајте се да се приспособувате на личноста која е врвот на листата.
Лав
Ако сте во врска:
Овој месец ќе ви донесе многу можност да внесете промени и да ја освежите врската. Ќе се дружите повеќе со заеднички пријатели и ќе ширите познанства. Можни се мали несогласувања околу финансии, а кон крајот на месецот ќе се создадат поголеми недоразбирања, поттикнати од љубомора и посесивност. Неопходен е компромис, па потрудете се да ги решите навреме сите работи околу кои не се сложувате.
Ако сте слободни:
На почеток на јуни очекувајте ново познанство и заљубување. Ќе ве маѓепса личност која ќе ви делува на сродна душа и идеален партнер. Ќе бидете склони кон идеализирање, што ќе се покаже како грешка. Во третата декада личноста ќе ги покаже негативните страни, токму кога ќе ја започнете романсата. Љубомората и потребата за контрола нема да може да ги поднесете и ќе се двоумите дали да продолжите.
Девица
Ако сте во врска:
Ве очекуваат променливи односи со партнерот. На почетокот на месецот ќе бидете романтично расположени, нежни и внимателни. Потоа ќе наидете на некои потешкотии, скриени тајни и некоректно однесување од страна на партнерот. Ќе дојде до сериозна тензија во односот и неопходно е да пристапите на проблемот со бистар ум. Во втората половина ќе ги средите работите и ќе се согласувате, но важно е да останете искрени еден со друг.
Ако сте слободни:
Заинтересирани сте за личност со која би сакале да влезете во сериозна врска, а чувството е заемно. Ќе почнете да излегувате и на почетокот ќе имате силен и позитивен впечаток, но за кратко работите може да се искомплицираат. Ќе бидете склони кон наоѓање замерки за ситници, а другата личност ќе биде молчелива и повлечена. Тоа ќе го доведе односот, како и можноста за врска под знак прашалник.