Немаат проблем со нередот: Кои се топ 5 најнеуредни хороскопски знаци?
Некои тоа го нарекуваат креативен хаос, а други велат дека немаат време за чистење на домот.
Но, дали за неуредноста и непедантноста може да го обвините вашиот хороскопски знак?
Секако дека да. Доколку сте родени во еден од следните знаци, вашите за личност која е неуредна и може да живее во тотален хаос.
Погледнете кои се најнеуредните знаци во хороскопот:
Лав
Тие можеби не се неуредни по природа, но едноставно секогаш имаат нешто попаметно за правење од чистење и средување на хаосот. Затоа чистењето секогаш го оставаат за подоцна, или едноставно ја префрлаат обврската на друг.
Бик
Биковите сакаат нивниот дом да биде чист, но ако мораат да одберат помеѓу грижа за чистота и грижа за себе, ќе го одберат второто. Тие преферираат да лежат во кревет и да изгледаат добра серија, наместо да чистат, а чувството на вина не е доволно големо за нешто да се промени.
Стрелец
Стрелците за себе ќе кажат дека воопшто не се неуредни, туку дека едноставно имаат способност многу брзо да направат неред. Тоа за многумина би звучело токму како дефиниција за неуредност, но тие ќе го негираат тоа како нивна карактеристика.
Водолија
Понекогаш може да помислите дека Водолиите воопшто не припаѓаат во оваа група, со оглед на тоа што тие имаат моменти кога добиваат напад на чистење, кога детално го средуваат секој агол од домот. Но за жал, тој напад го добиваат многу ретко.
Риби
Овој хороскопски знак има целосно логично размислување кога се работи за чистењето – зошто да средат се веднаш, кога можат да го исчистат домот за неколку дена, кога ќе се направи поголем неред?
М. М. | Црнобело