Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Со каков љубовен предизвик ќе се соочи секој хороскопски знак во 2018-та?

so-kakov-ljuboven-predizvik-kje-se-soochi-sekoj-horoskopski-znak-vo-2018-ta-02.jpg

Вага

Вашиот љубовен живот во 2018-та ќе се соочи со стравови кои нема да ви дозволат да се покажете во најдобро светло. Ќе ги откажувате љубовните состаноци бидејќи сте нервозни и мислите дека нема да поминат добро секако. Нема никому да дадете реална шанса и ќе бегате од реалноста. Ќе се саботирате себеси бидејќи не сте сигурни дали сте подготвени за врска во овој период од животот.

Скорпија

Вашиот љубовен живот во 2018-та ќе се соочи со предизвици, заради вашите избори и одлуки. Наместо да ја барате љубовта, ќе бидете презафатени со работа и заработување пари и унапредувања. Нема да си одвоите време за љубовни состаноци и запознавање нови луѓе и нема да имате врска доколку не се потрудите. Вложете барем малку труд.

Стрелец

Во 2018-та, ќе ги изгубите луѓето што ви значат, така што ќе се однесувате како да не ви е грижа за нив. Се соочувате со сопствените стравови, што е причина за тоа што се однесувате поладно, но тоа не е најпаметен чекор. Ако се однесувате незаинтересирано, тогаш личноста, логично е да помисли дека не ви значи. Ќе ја оттурнете од вас случајно и несвесно, а тоа е последното нешто што го сакате.

Јарец

Вашите проблеми со довербата ќе ви создадат потешкотии во наоѓањето на вистинска љубов во 2018-та. Дури и ако некој ви покаже дека е искрен и доверлив, вие сепак ќе се сомневате длабоко во себе. Ќе дозволите овој проблем да се вмеша во вашата среќа во љубовта и ќе испуштите одлични луѓе, бидејќи верувате во најлошото.

Водолија

Во 2018-та вашиот љубовен живот ќе пати заради вашиот песимизам. Ако мислите дека лоши работи ќе ви се случат, тогаш и ќе ги предизвикате истите. Престанете да мислите дека секој ќе ве повреди и дека ќе останете сами засекогаш. Престанете да мислите дека љубовта и болката одат во пакет.

Риби

Можеби нема да го признаете на глас, но ќе сакате некој да ви пишува за добро утро и добра ноќ. Затоа, во 2018-та, можеби ќе завршите во врска која не е добра за вас, бидејќи ќе ве возбудува идејата да бидете со некого, но тоа не мора да значи дека ќе биде вистинската личност. Ќе скокнете во нечија прегратка уште пред да дознаете дали ви одговара, а тоа е рецепт за пропаст.

М. М. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Љубовен хороскоп за ноември 2024: Ракови - токсична личност од минатото ќе сака да ви се врати во жи... Бикови: Можно е работите да станат сериозни, па да ја официјализирате љубовта со...
Љубовен хороскоп за март 2025: Бикови - ќе запознаете личност која е совршена за вас, но е зафатена Близнаци: Личноста со која моментално го делите животот е многу вљубена во вас и...
Еден хороскопски знак кој важи за најлош во кревет (+зошто) Сексот со припадниците на овој хороскопски знак може да ви биде големо разочарув...
Кои 5 хороскопски знаци ќе бидат најсреќни во 2025-та? Лавови - Во 2025-та ќе зрачите со некоја посебна магија и шарм од самото тоа што...
6 хороскопски знаци на кои често им е подобро сингл (+ зошто) Oвен: Сакаат спонтаност и лична слобода и не им е пријатно кога треба да прават ...
5 хороскопски знаци кои имаат тежина во душата по секоја кавга Знаете кога во народните приказни ќе кажат „имам жаба на душата“? Епа таков тип ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg