Каков ќе ви биде љубовниот живот во 2018-та, според кинескиот хороскоп?

kakov-kje-vi-bide-ljubovniot-zhivot-vo-2018-ta-spored-kineskiot-horoskop-01.jpg

Коњ: 2002, 1990, 1978, 1966

Ќе сакате да ја промените вашата врска

Моментално се чувствувате чудно и ќе сакате да ја однесете врската и љубовта на ново ниво, но не сакате да правите притисок или да го исплашите партнерот со прашување. Во 2018-та, подгответе се за таа промена, бидејќи ќе ја дочекате во вистинско време.

Коза: 2003, 1991, 1979, 1967

На вашата врска може да и се ближи крај

Тешко е да се признае кога нешто веќе не е добро како што било, или кога сте се промениле, но токму тоа се случило. Иако старата љубов постои и никој од вас не сака да ја испушти, понекогаш повеќе боли држењето со сила на нештото што веќе не е веќе исто.

Мајмун: 2004, 1992, 1980, 1968

Конечно ќе ги излечите раните

Врзани сте за врските од минатото и не бевте подготвени да се ослободите од нив, но заслужувате да бидете среќни и токму тоа ќе ви се оствари во 2018-та. Тоа што претходно ви било познато чувство, сега ќе ви биде чудно и ќе заборавите на старите рани. Ќе научите да бидете среќни, бидејќи сте заборавиле како тоа изгледа.

Петел: 2005, 1993, 1981, 1969

Ќе уживате во слободата

Ако претходно не сте се чувствувале пријатно во оваа состојба, во 2018-та ќе уживате во чувството на слобода. Чувствата нема да бидат врзани за вас и ќе имате повеќе време за себе да се посветите на тоа што навистина сакате да го правите без да зависите од некого.

Куче: 2006, 1994, 1982, 1970

Ќе најдете некој што одговара на вашата лојалност

Од сите знаци, кучето е најлојално, а најголемиот проблем кој во минатото сте го имале е врзувањето во врски со луѓе кои не ги исполнуваат вашите критериуми и не ви одговараат. Во 2018-та ќе најдете некој кој ќе ве натера да сфатите дека не сте се труделе доволно добро за да ја најдете посакуваната личност.

Свиња: 2019, 2007, 1995, 1983, 1971

Старата љубов ќе ви се врати во животот

Некој кој отсекогаш ви останал во срцето, но со кого непријатно сте ја завршиле врската или односот, сè уште мисли на вас и ќе ви се врати во животот за да ви покаже дека помеѓу вас ништо не се променило. Ќе сфатите дека изгубената љубов понекогаш се враќа и по вторпат без да ве повреди.

М. М. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Каде ќе ја запознаете љубовта на својот живот, според хороскопскиот знак? Авантуристичките Ваги сакаат да го живеат својот живот со полни гради. Зато...
Љубовен хороскоп за ноември 2024: Ракови - токсична личност од минатото ќе сака да ви се врати во жи... Бикови: Можно е работите да станат сериозни, па да ја официјализирате љубовта со...
Каков ризик треба да преземе секој хороскопски знак на средината на август? Водолии, време е да ризикувате на љубовно поле, каков и да е крајниот резултат. ...
Годишен хороскоп за 2024: Риби Следната 2024-та година ќе биде вистински предизвик за сите Риби. Ќе ви се случа...
Колку имате среќа во животот, според хороскопот? Стрелец: Само вам може да ви се случи (и по неколкупати во месецот) да ви понуда...
Еротски хороскоп за 2024: Кој ќе биде склон на афери и прељуби, а кој е опседнат со „сродната душа“? Бик - Ќе сакате да дознаете што е можно повеќе за скриените желби и фантазии на ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg