Според хороскоп: Што сакаат да променат пријателите кај вас?
Сите имаме маани. Некои поголеми, некои помали, но факт е дека кога луѓето би можеле, сигурно би промениле барем една од карактеристиките на секој хороскопски знак.
Без разлика за кој знак или за која карактеристика станува збор, факт е дека никој не е совршен.
А, ова се работите што луѓето сакаат да ги променат кај секој хороскопски знак:
Овен
Неговите очекувања – затоа што Овните се силни, амбициозни и решителни, тие имаат навистина високи стандарди кои ретко кој успева да ги исполни. Понекогаш, луѓето ве сметаат за неправедни, бидејќи не секој е на вашето ниво на перфекционизам.
Бик
Неговата тврдоглавост – Штом еднаш ќе се одлучите, никој не може да ве поколеба. Понекогаш вашите пријатели посакуваат да бевте пофлексибилни за да можат да се почувствуваат важни во вашиот живот, секако ако вие им дозволите.
Близнаци
Нивната преголема пријателска настроеност – Вие можете да станете пријатели со секого, но тоа понекогаш лошо влијае на пријателите, бидејќи разговате со странци и не им посветувате доволно внимание. Ова може да биде тежок удар за вашите пријатели, бидејќи тие не можат да го одржат вашето внимание на повеќе од 10 минути, бидејќи вие веќе сте нашле некој друг со кој сакате да разговарате.
Рак
Неговата тишина – Сите знаат колку емотивни и чувствителни може да бидете, но сепак никогаш не кажувате што ве мачи. Кога станува збор за вашите чувства, вие сте затворена книга што на моменти им е тешко дури и на најблиските да ве прочитаат.
Лав
Неговата доминација – Да, Лавот знае да води и тоа го прави најдобро од сите други, но понекогаш тоа го правите толку добро што правите другите да се чувствуваат како бескорисни идиоти. Понекогаш, вашите пријатели посакуваат да се олабавите, бидејќи не секој има толкава самодоверба колку што вие имате.
Девица
Нејзината индиферентност – Девиците се толку затворени што некогаш знаат да бидат ледени како мраз. Таквиот „мраз“ прави луѓето да се чувствуваат како да не ви е грижа за нив или како воопшто да не ви се допаѓаат. Иако сте потопли и пополни со внимание и љубов отколку што изгледате, начинот на кој се носите и однесувате може да предизвика луѓето да мислат дека сте комплетно несвесни за нивното постоење.
Уште 6 хороскопкси знаци на следната страна...