Љубовен хороскоп за мај 2016-та година

ljuboven-horoskop-za-maj-2016ta-godina-1.jpg

Вага

Ако сте во врска:

Вагите кои се во брак или долга врска, во мај ќе остварат со партнерот, прилично складен однос и најголема енергија ќе црпат токму од тоа поле. Без разлика на малите несогласувања во врска со воспитувањето на децата и трошењето на парите, сега ќе имате голема поддршка од партнерот. Овие позитивни прилики ќе ја поттикнат сексуалната привлечност помеѓу вас и вашиот партнер и комплетно ќе го освежите вашиот однос. На Вагите потребна им е хармонија во љубовта, исто толку колку што им е потребен и воздухот за дишење затоа, важно е да го искористите овој месец и максимално да се смеете и во околината да ширите добро расположение.

Ако сте слободни:

Слободните Ваги ќе го искористат убавото време и активно ќе тргнат во потрага на партнер, љубов и задоволства. Шармантно и лесно ќе влегувате во флерт со личностите кои ве привлекуваат, но сега може да се случи и да се вљубите во личност која претходно не ви се допаѓала. Животот понекогаш прави такви замки и ги менува критериумите. Може тоа да биде личност која ви била непривлечна, но ќе се разбие страст меѓу вас и ќе ги прекршите вашите правила. Со денови нема да излегувате од заедничката постела. Во прашање може да биде некој Лав, Стрелец, Овен или Бик.

Скорпија

Ако сте во врска:

Зафатените Скорпии сега со полни гради можат да ја вдишат љубовта, бидејќи партнерот кон вас ќе се однесува заштитнички, нежно и великодушно. Дозволете најубавите моменти да ги поминете токму со партнерот. Животот на полето на пријателите исто така, ќе ви биде богат и динамичен. Дури ќе имате и помалку семејни проблеми или барем ќе станат полесни покрај поддршката на партнерот. Препуштете се на фантастичните емоции и магијата на љубовта која трае.

Ако сте слободни:

Пролетта и сонцето во мај ќе ги раздвижат Скорпиите и ќе ја интензивираат желбата да пронајдете романтична љубов. Имате голема потреба за емоции и пронаоѓање на вистинскиот партнер. Вашата самодоверба ќе се зголеми благодарение на парите кои ќе стигнат во поголеми количини од очекуваните. Ќе бидете главна ѕвезда како при излегувањата, така и на социјалните мрежи, а партнерот кој го барете, ќе го пронајдете на некоја забава или културна манифестација. Тоа ќе биде некој од вашиот круг на пријатели – Рак, Бик, Вага или Стрелец. Овојпат иницијативата препуштете ја некој друг.

Стрелец

Ако сте во врска:

Во текот на мај, зафатените Стрелци треба да одржат ладна глава и да не дозволат ситниците кои бесконечно ги иритираат да им го уништат односот. Наоружајте се со толерантност и разбирање за партнерот и не се впуштајте во празни дискусии. Сега имате можност да најдете баланс во рутинските работи, како што се заедничкото готвење, прошетките и рекреацијата. Со партнерот уживајте во ситниците и малите радости. А, партнерот, за тоа ќе ви покаже благодарност и приврзаност до последната декада на мај. Тие синици живот значат.

Ако сте слободни:

Слободните Стрелци во мај нема да имаат многу енергија за прошетки и дружење. Повеќе ќе ви одговара куќниот мир и местата каде можете да откриете нешто ново и убаво. Ќе одите по изложби, театри, концерти и слободното време ќе го поминувате во кино. Од некоја сосема случајна средба или некој разговор на улица, еден Близнак, Овен, Вага или Лав, може да ви даде предлог, повторно да се видите. Работите ќе се одвиваат бавно, но на крајот од месецот, ситуацијата ќе се промени и тогаш можете да влезете во прегратка на многу интересна личност.

Јарец:

Ако сте во врска:

Во текот на мај, зафатените Јарци, треба да ги остават проблемите на работа пред куќниот праг и да не дозволат тензијата да предизвика непотребни конфликти и расправии со членовите на семејството. Вашиот љубовен однос со партнерот ќе биде чуден и променлив, бидејќи вашите мисли лутаат и не се насочени кон партнерот. Неслогата во домот и на работа, најверојатно ќе предизвикаат повеќе нервоза кај вас, а за да заборавите на истата, најдобро е да излезете на забава со пријателите. Збогатете го вашиот заеднички забавен живот, бидејќи поддршката од планетите укажува на одлично разбирање со партнерот, токму во овој сегмент.

Ако сте слободни:

Многу претставници на Јарците обично не се претерано романтични, ниту сакаат да го покажуваат своето воодушевување, но овој месец, ќе откријат нешто во себе и ќе сфатат колку долго ги потиснувале своите емоции. На некоја забава, роденден или прослава, ќе сретнете некоја неодолива Вага, Риба или Бик и може да ви се случи љубов на прв поглед. Вие ќе се заљубите до уши и со малку трпение, емоциите ќе бидат обострани. Имате можност во себе да откриете нешто романтично.

Водолија

Ако сте во врска:

Водолиите кои се во брак или подолга врска, овој месец ќе имаат доста време за поминување во домот покрај семејството и таму ќе ги пронајдат своите мир, љубов и поддршка. Топлите семејни односи овојпат, ќе бидат извор на вашата енергија. Дури и несогласувањата со партнерот околу мерењето на силите, авторитетот и моќта, ќе бидат заборавени покрај хармонијата и љубовта. Мали реновирања на домот, заедничките ручеци и семејните собирања ќе ве исполнат со голема радост. Многу млади парови ќе посакаат да го зголемат своето семејство или ќе одредат датум за венчавка.

Ако сте слободни:

Слободните Водолии ќе бидат расположени за организирање на куќни забави или секој викенд ќе имаат можност да го поминат со своето друштво во некоја куќа или викендичка. Сето ова ќе биде совршено организирано со многу храна, скара и пиење. Покрај домашната атмосфера и релаксираноста, ќе привлечете некој Лав, Вага, Рива или Девица. Од пријателските односи ќе се случи и по некоја авантура, а во последната декада од мај ќе имате многу шанси да се заљубите и да влезете во сериозна врска.

Риби

Ако сте во врска:

Брачните Риби и оние кои се во долга врска, во текот на мај ќе имаат променлива ситуација. Под влијание на надворешни околности, вашиот партнер е во потешка ситуација и му треба повеќе од разбирање и внимание. Посебно во првата декада од мај, ќе се занимавате со решавање на финансиските проблеми и недоразбирањата во домот и со децата. Без разлика на тоа што нема да имате многу време еден за друг, важно е да бидете усогласени, еднакво да се ангажирате и поддржувате. Оваа ситуација не е многу романтична, но е хармонична и од неа ќе извлечете нешто подобро и корисно. Напнатоста ќе трае некаде до 9-ти мај, кога Јупитер ќе влезе во вашата куќа на партнерски односи и директно ќе додаде на среќа. По потешкотиите ќе имате можност да се посветите еден на друг и да поминувате убави љубовни моменти.

Ако сте слободни:

Рибите кои се слободни, своето време ќе го користат за чести излегувања, куќни забави и седенки во добро познато друштво. Краткотрајните авантури можете да ги доживеете на некој излет или патување, каде вниманието ќе ви го привлече некој Рак, Бик, Јарец, Водолија или Вага. Планетарните позиции и околностите се менуваат при крајот на мај, кога Меркур, вашата планета на љубовни односи, ќе ви овозможи директно да се зближите со некоја личност која ви се допаѓа. Посебни денови за љубов ќе ви бидат 22-ри и 25-ти мај.

Н. Г. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

6 хороскопски знаци кои може да останат пријатели и откако ќе ја раскинат љубовната врска Раковите премногу се грижат за другите, па и откако ќе раскинат, знаат да бидат ...
Годишен хороскоп за 2024: Водолија Во 2024 состојбата на финансиски план ќе ви наликува на вистински трилер. Никога...
3 хороскопски знаци кои се бестрашни (и никогаш не се откажуваат) Не е ни чудно што Лавовите се наоѓаат на оваа листа. Тие зрачат со самодоверба и...
Колку „вистински“ љубови ќе имате во животот, според хороскопскиот знак? Близнаци - По природа се љубопитни и авантуристи и без разлика дали се во врска ...
4 хороскопски знаци во кои се раѓаат најгрижливите татковци Бик - Ако имаат ќерки, овие татковци ќе им ја посветат секоја слободна минута на...
Хороскопските знаци рангирани според тоа колку се (не)верни Кога се вљубени, Девиците имаат очи само за нивниот партнер, додека Близнаците с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg