Како реагираат хороскопските знаци кога ќе им кажете дека не се во право?

Никој не сака да го налутите и да почувствува бес, тоа е точно. Но, секој од нас различно реагира кога некој го критикува, го налути или едноставно му каже дека е лоша личност.

kako-reagiraat-horoskopskite-znaci-koga-kje-im-kazete-deka-ne-se-vo-pravo-01.jpg

Секој хороскопски знак има свој механизам на прифаќање или негирање на критиките и додека едни само ќе мавнат со раката и ќе си заминат, други ќе застанат со вас да се расправаат, а некои дури и ќе добијат желба да го удрат соговорникот.

Некои знаци се импулсивни, други мирни, стрпливи и сталожени, а трети бесни и спремни за кавга:

Овен

Овните сакаат да знаат сè и да се мешаат во сè. Даваат многу и го очекуваат истото и од другите. Кога ќе им кажете дека не се во право и дека грешат тие продолжуваат по свое, а ако сте упорни ќе ги доведете до солзи и бесно ќе реагираат на секој ваш коментар.

Очекувајте викање, дерење и паника. Ако искрено во лице им кажете дека не ви се допаѓаат како личности, ќе ја ценат вашата искреност и едноставно ќе ја свртат главата и никогаш повеќе нема да проговорат ни збор со вас.


Бик

Биковите се лојални и трпеливи, но за само еден момент стануваат спремни за напад и жестоки противници.

Ако само се обидете да им ја наметнете сопствената волја и ги критикувате дека не се во право, тие ќе продолжат по свое, макар и со тоа да си наштетат себеси, но сепак да им контрираат на другите.

„Јас не чинам, сега ќе видиш што ќе направам“ – тоа е нивното мото.


Близнаци

Што и да кажат или мислат другите за нив, Близнаците воопшто не ги засега. Полни со самодоверба веруваат дека се најдобри и непогрешливи, а оние на кои не им се допаѓаат може слободно да продолжат по својот пат.

Нив нема да ги повреди ни кога ќе им кажете во лице сè што ви лежи на душата. Дури може да се случи и да ве исмејат за тоа.


Рак

Раковите се нежни, добри и отворени личности и ќе ви дозволат да ги критикувате сè додека не им пукне филмот. Во тој момент ќе сфатите дека и тоа како умеат да бидат осветољубиви и да ве казнат на најлошиот можен начин, и тоа таму каде најмногу ве боли.

Бидете внимателни со Раковите доколку често им зборувате дека не се во право, бидејќи тоа може скапо да ве чини.


Лав

Лавовите се територијални, но и многу суетни. Ако има кажете дека грешат, не се во право и дека заради некој причина не се баш најдобри личности, очекувајте дека тоа ќе ви го запамтат и дека ќе ви вратат со трипати повеќе.

Тие нема воопшто да се двоумат во лице да ви кажат најлоши навреди и пцовки.


Девица

Тешко на оној кој ќе се најде во конфликт со Девица. Доволна им е мала критика за тие засекогаш да ви го запамтат тоа.

Може да ви бидат лути и со години, и иако нема да го покажат тоа, тајно ќе ви се одмаздат кога најмалку очекувате. Најдете начин како суптилно ќе им објасните на Девиците дека не се во право и дека грешат.

Уште 6 хороскопски знаци на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Годишен хороскоп за 2024: Јарец За вас, 2024-та ќе биде година на многу можности, и тоа во секој аспект – кариер...
Најголемиот страв на вашиот партнер во љубовта, според неговиот хороскопски знак Раковите најмногу се плашат дека некој ќе ги повреди нивните чувства или ќе ги и...
Кои се најлошите астролошки комбинации за снаа и свекрва (и зошто)? И Скорпијата, и Водолијата се силни знаци, но со многу различни начини на размис...
Една работа што ви недостасува во животот за да бидете среќни, според хороскопскиот знак Јарци, вие сте вредни и успешни, но во животот ви треба и забава. Мора да научит...
Како најлесно ќе го освоите секој хороскопски знак? Најлесно ќе ги заведете Стрелците ако им бидете „ветер во грб“ и поддршка, бидеј...
5 хороскопски знаци на кои љубовта им е многу поважна од парите Скорпиите веруваат дека еден ден парите ќе се потрошат, но љубовта никогаш нема ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg