Голем љубовен хороскоп за 2016-та: На Раковите храброста ќе им се исплати, а Јарците ги очекуваат проблеми

golem-ljuboven-horoskop-za-2016ta-na-rakovite-hrabrosta-ke-im-se-isplati-a-jarcite-gi-ocekuvaat-problemi-02.jpg

Вага

Ако сте сингл: Можеби моментално не сте заљубени, но средината на 2016-та дефинитивно ќе ве изненади. Имате тенденција постојано да ги преиспитувате своите љубовни одлуки, па затоа оваа година мора да поработите на самодовербата. Ако влезете во нова врска, не поставувајте услови и граници на самиот почеток.

Ако сте во врска: Не се согласувајте на компромиси по секоја цена. Време е партнерот да го слушне вашето мислење. На моменти ќе чувствувате дека недостасува романтика, но тоа не значи дека се е завршено. Не бидете песимисти.


Скорпија

Ако сте сингл: Многу тешко ќе им ја подарувате довербата на новите познаници заради претходните искуства. Тоа ќе ве промени и ќе ви изгради бариери. Намалете со ограничувањата ако сакате нов почеток. Ве очекуваат убави љубовни приказни по август 2016-та.

Ако сте во врска: Оваа година сетилата и претчувството ви се посебно изострени. Ако забележите сомнително однесување, не се плашите да повеќе да истражите. Веројатно ќе бидете во право. Мора да запаметите дека вие сте оние кои имаат право на среќна љубов, не на лаги.


Стрелец

Ако сте сингл: Оваа година сте импулсивни, што значи дека многу често ќе ги кажувате работите кои први ќе ви паднат на памет. Тоа ќе ви донесе непријатности кои нема да ги импресионираат симпатиите. Но, немате простор за грижа затоа што вашата искреност ќе биде ценета и до крајот на 2016-та со сигурност ќе започнете нова, послободна врска.

Ако сте во врска: Вашиот љубовен однос ќе биде поцврст од било кога, благодарение на довербата која ќе му ја покажете на партнерот. Емотивно ќе созреете како пар само ако се спротивставите на проблемите. Постојано целете кон нешто повеќе, наместо да критикувате. Само така до крајот на годината ќе ве следи хармонија.


Јарец

Ако сте сингл: Искористете ја бестрашноста која е ваш заштитен знак и направете го првиот чекор. 2016-та е година на нови возбудувања, па затоа не смее да ги потиснувате емоциите. Промените кои ќе ви се случат оваа година ќе ви помогнат емотивно да созреете и да сфатите што сакате од идниот партнер.

Ако сте во врска: Големи се шансите да се соочите со проблеми, кои ќе ги надминете само ако емоциите ви се силни и јасни. На моменти ќе имате потреба да се изолирате од партнерот, па најдобро е тоа да му го објасните со време. Во спротивно, очекувајте кавги и сомнежи.


Водолија

Ако сте сингл: Ќе имате проблеми да ги изразите своите мисли, што не е типично за вас. Искористете ги напливите на самодоверба за да импресионирате. Можна е краткотрајна вознемиреност која не смее да ја искажете пред потенцијалните партнери. Намалете ги барањата, ако не сакате да се разочарате.

Ако сте во врска: 2016-та е година одлична за зацврстување на врската во секој аспект. Ако планирате брак, ова е идеално време. Август е месецот кој ќе ви донесе промени, па многу е важно тогаш да останете смирени и да бидете потпора на партнерот.


Риби

Ако сте сингл: Надминете ги стравовите и кажете го она што ви е на ум. Не ги намалувајте критериумите за никој, така само ќе донесете погрешни одлуки. Ако им подлегнете на сексуалните нагони и кратките авантури, внимавајте на тоа и да остане. Во спротивно, можни се недоразбирања.

Ако сте во врска: Запаметете дека не е во ред секогаш вие да сте во втор план. Почнете да се борите за себе и барајте поголема почит. Подгответе се за сериозни разговори и промени ако сакате да ја добиете љубовната бајка за која сонувате.

Д. М. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Каков погрешен прв впечаток остава секој хороскопски знак за себе? За некого на прва имаме впечаток дека е намќор, за друг дека е љубоморен, а за т...
6 хороскопски знаци кои имаат „луксузен вкус“ и трошат на скапи работи Од скапи ресторани, до чести посети на трговски центар, личностите родени во хор...
Колку имате среќа во животот, според хороскопот? Стрелец: Само вам може да ви се случи (и по неколкупати во месецот) да ви понуда...
Како најлесно ќе го освоите секој хороскопски знак? Најлесно ќе ги заведете Стрелците ако им бидете „ветер во грб“ и поддршка, бидеј...
3 хороскопски знаци кои секогаш мора да се во право кога се во врска Со нив е тешко да се излезе на крај, зашто, колку и да се заљубени и си го сакаа...
Хороскопски знаци кои повеќе ќе уживаат во 50-тите, отколку 20-тите години од животот Девици, додека да наполните 50 години, вие ќе имате проживеано повеќе од кого би...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg