Додека Јупитер е во знакот на Девица: Што треба да направи секој хороскопски знак?

dodeka-jupiter-e-vo-znakot-na-devica-shto-treba-da-napravi-sekoj-horoskopski-znak-1.jpg


Вага

Сега можете да дојдете до нови сознанија за себеси. Јупитер ќе ви даде капацитет да се носите со тешкотиите, а Девицата ќе ви помогне да ги решите мистериите во вашиот живот кои не сте можеле да ги разберете. Луѓето со кои ќе се сретнувате ќе ви го променат животот и ќе ви помогнат да си ја усовршите интуицијата. Време е да пораснете.


Скорпија

Подгответе се за проширување на вашите социјални мрежи, бидејќи ова не е време за самотија. Позитивната енергија ќе си ја градите додека соработувате со другите луѓе околу вас, а тие може да ви помогнат и да ви бидат главна поддршка на многу животни полиња. Јупитер ќе ве постави на право место и во право време за да ги запознаете вистинските луѓе.


Стрелец

Вашата кариера полека но сигурно оди во нагорна линија и во добра позиција за да се вратите во реалноста. Јупитер е ваша планета и може да ви помогне да имате среќа, па на тој начин полесно да си го контролирате животот. Енергијата на Јупитер во Девица ќе ви помогне да си ги остварите работните цели. Можете да станете и јавна личност, ако професијата ве носи во таа насока.


Јарец

За Јарците Јупитер се наоѓа во 9-та куќа, а тоа значи дека имате голем број на предности. Ќе се зголемат вашите интереси на полето на филозофијата, религијата и спиритуалното издигнување. Можете да очекувате патувања и да се запознаете со сосема нови и различни култури, па ќе собирате знаење на едно подлабоко ниво. Ќе постигнете целосен баланс во животот.


Водолија

Ќе се поврзувате со луѓе кои се експерти на професионален план и кои знаат да раководат со парите и кои ќе ве научат како да донесувате сигурни и паметни финансиски одлуки. Партнерите и колегите на работа ви се сигурен пат до среќата и добрите работи во животот. Тој ќе стане побогат и полесно ќе го разбирате.


Риби

Рибите најмногу ќе се фокусираат на врските и односите со нивните најблиски луѓе. Партнерството од сите видови е добро за вас – од она на работа, па се до она на љубовен план. Критериумите ќе ви бидат високи, но Девицата ќе успее малку да ве спушти на земја. Сега најмногу ќе работите на вашите емоции и на односите со луѓето околу вас.



Би можело да ве интересира:

Хороскопските знаци рангирани според тоа колку се „очајни“ за љубов – Кој се плаши да биде сингл? Раковите не можат да си замислат да бидат сингл, додека за Јарците љубовта не е ...
Најубавото изненадување што ве чека до крајот на годината, според хороскопскиот знак Риби, ќе ја тргнете најголемата пречка до среќата во вашиот живот. Односно, ќе с...
Кој е вашиот најсреќен ден во 2024 година, според хороскопскиот знак? Оваа година ситуацијата ќе биде подобра во однос на вашиот љубовен живот, особен...
Една работа што ви недостасува во животот за да бидете среќни, според хороскопскиот знак Јарци, вие сте вредни и успешни, но во животот ви треба и забава. Мора да научит...
Една работа со која секој хороскопски знак ги нервира луѓето околу себе Рибите се најчувствителни од сите хороскопски знаци. Па, ако кажете нешто што не...
Како реагира секој хороскопски знак кога е гневен (и како да научи да се контролира)? Риби – Тие се мирољубиви луѓе кои не можат лесно да се справат со своите негатив...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg