Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Совршен летен одмор за секој хороскопски знак

sovrsen-leten-odmor-za-sekoj-horoskopski-znak-02

Истражувачки одмор е идеален за Вагата

Вагата не ја интересира традиционален годишен одмор. Во сè гледа единствена прилика за запознавање на посебни луѓе и добивање на ново знаење. Сака едукативни излети, антиквитети и особено ја привлекуваат истражувачки центри. Исто така, не може да одолее на сплавови. Идеални дестинации се Финска, Шведска, Русија и Иран.

Активната Скорпија ужива во одбрано друштво

Скорпијата  како и Ракот го привлекуваат изолирани плажи, а одморот  не може да го замисли без море или река. Тој сака активен одмор, но во одбрано друштво. Одморот го користи како прилика да ја испроба својата кондиција, а идеални дестинации се Португалија, Африка, Скандинавија и Египет.

Стрелецот го привлекуваат спортски арени

Стрелецот е голем спортски обожавател па така ги избира дестинациите за годишен одмор. Сака спортски натпревари и стадиони, а бидејќи и самиот тој се бави со спорт, најважно му е хотелот да има теретана. Идеална дестинации за него се Германија, Полска, Израел и Велика Британија.

Јарецот обожава музички фестивали

Јарецот не сака зима, па годишниот одмор сака да го минува во топли краеви. Сака различни активности од капење, спорт до разгледувања и ќе се потруди одморот целосно да го искористи. Го привлекуваат музички фестивали на кои може да се отпушти, а идеални дестинации се Кипар, Грција и Ирска.

Водолијата не се враќа дома без добра книга

Водолијата не тежнее по типичен годишен одмор, најважно и е нејзиното патување да биде оригинално. Ја привлекуваат книжари, новинарски куќи и универзитети, а од одмор никогаш не се враќа без добра книга. Идеални дестинации се Белгија, Сардинија, Тунис и Мароко.

Рибите не можат без базен

Рибите не можат без базен или море, а совршениот одмор за нив значи пиење коктели, сончање на плажа и луди ноќни вечери. Тие  сакаат туристички места каде можат да се запознаат со интересни луѓе. Идеални дестинации се Холандија, Нов Зеланд и крајбрежјето на САД.



Би можело да ве интересира:

Годишен хороскоп за 2025-та: Вага Љубовта ќе им биде во фокусот на животот во 2025-та на Вагите. Нивниот шарм и ма...
Годишен хороскоп за 2025-та: Овен За родените во знакот на Овен, 2025-та ќе биде возбудлива година полна со промен...
Годишен хороскоп за 2025-та: Јарец Вашиот љубовен живот ќе добие нова смисла во 2025-та, а повеќето Јарци ќе бидат ...
Годишен хороскоп за 2025-та: Водолија Водолиите ќе имаат убава енергија на љубовен план, а почетокот на пролетта ќе им...
Годишен хороскоп за 2025-та: Стрелец 2025-та ќе биде година на истражување и раст за Стрелците, кои водени од природн...
Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg