Заврши првиот ретрограден Меркур за 2025-та: Што да очекувате по тешкиот период, според хороскопскиот знак?
Јарци, ретроградниот Меркур можеби заврши, но ќе треба да почекате пред да почне поволниот период за вас. Имајте резервен план, за секој случај.
Според астролозите, во периодот на ретрограден Меркур сите треба да имаме и резервен план, бидејќи многу работи не се одвиваат како што сме си замислиле.
Препорачуваат да се избегнуваат и какви било важни одлуки бидејќи секогаш постои можност нешто да искрсне.
Првиот ретрограден Меркур за 2025 започна на 15-ти март и заврши на 7-ми април. Па, според астролозите, конечно можете да здивнете, барем до следниот ретрограден Меркур во јули.
Што да очекувате и на што да се посветите по завршувањето на ретроградниот Меркур?
Овен
Сега е одличен период да одморите, особено ако изминатиот месец сте биле преплавени со обврски.
Секој ден одвојувајте барем по неколку минути за себе и дозволете си да се исклучите од реалноста за да ги наполните батериите.
Бик
Наскоро можно е да бидете контактирани од пријател со кого сте го заладиле односот. Искористете го поволниот период за да ги решите проблемите.
Не трошете енергија да почнувате нови конфликти и дајте го најдоброто од себе да направите компромис.
Близнаци
Ако сте испуштиле некоја можност во периодот на ретроградниот Меркур, сега можно е повторно да ви се укаже.
Добро размислете дали имате корист од оваа можност, разгледајте ги предностите и недостатоците, па одлучете што ќе правите следно.
Рак
Дозволете си да заборавите на желбата за контрола и верувајте дека ве следи среќа. Тешкиот период е зад вас и само затоа што нешто не се случува веднаш, не значи дека нема да се случи.
Сега е најважно да бидете трпеливи.
Лав
Ако сте дале некои празни ветувања кои не сте биле во можност да ги исполните, сега поправете го тоа.
Исполнете ги ветувањата што можете, а за останатите бидете реалистични и признајте дека се надвор од ваша моќ.
Девица
Можно е да се врати љубов од минатото ако ретроградниот Меркур ви донел несреќа во љубовта.
Не брзајте со одлуките и пробајте да не се навраќате премногу на минатото. Ако одлучите да ѝ дадете уште една шанса на старата љубов, почнете одново.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





