Финансиски хороскоп за септември 2024: Кои знаци ќе се збогатат, а кои ќе имаат потешкотии со парите?

finansiski-horoskop-za-septemvri-2024-koi-znaci-kje-se-zbogatat-a-koi-kje-imaat-poteshkotii-so-parite-02_copy.jpg

Вага

Во септември кариерата ќе ви оди во нагорна линија ако сте вклучени во трговија, градежништво или креативни проекти.

Ако подолго време чекате некаков документ, можно е конечно да го добиете и да ја започнете работата што ќе ви донесе пари.

Ако размислувате за нова работа, почекајте до следниот месец или до ноември - септември не е поволен за тоа.

Скорпија

Овој месец е препорачливо внимателно да ги планирате сите финансиски чекори за да не останете без пари, наместо да остварите добивка.

Некои Скорпии може да се скараат со блиска личност ако ѝ побараат пари или ако не сакаат да ѝ позајмат пари.

Ако имате приватен бизнис, дајте им поголема плата на вработените

Стрелец

Овој месец ќе вложувате во себе и своето знаење, зашто сте свесни дека тоа ќе ви донесе пари во иднина.

Некои Стрелци ќе имаат понуда за хонорарна работа - прифатете ја ако ви треба дополнителен приход.

Не сметајте на надворешна помош, правете ги работите сами и така најлесно ќе заработите.

Јарец

Ова е одлично време за позитивни промени во финансискиот сектор - уште во првата половина на септември ќе почувствувате подобрување.

Некои Јарци ќе можат да ги отплатат старите долгови, успешно да инвестираат пари, да ги решат имотните проблеми во семејството.

Во овој период е најповолно да се занимавате со сопствени проекти, бидејќи оттаму ќе добиете најмногу пари.

Водолија

Ако работите со странство или во странска компанија, голема е можноста да заработите многу овој месец.

Водолиите на шефовска позиција ќе изнајдат решение за некој деловен проблем, па ќе бидат парично наградени за тоа.

Ако некој ви должи пари, не срамете се да си ги побарате.

Риби

Личност која е на висока позиција во вашата компанија ќе ви помогне да заработите повеќе, бидејќи на тој начин и за нив ќе има пари.

Ако имате свој бизнис, не потпишувајте ништо што ви е сомнително - не сакате да загубите пари.

Ако сметате дека треба да побарате покачување, сега е вистински момент за тоа.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Каде ќе ја запознаете љубовта на својот живот, според хороскопскиот знак? Авантуристичките Ваги сакаат да го живеат својот живот со полни гради. Зато...
Финансиски хороскоп за март 2024: Кои знаци ќе се збогатат, а кои ќе имаат проблеми со парите? Јарец - Во првата половина на март ќе добиете деловна понуда која ви е сомн...
Финансиски хороскоп за јуни 2024: Јарци - не земајте кредити, Бикови - намалете ги трошоците Риби - Рационално трошете ги парите и до средината на месецот не се впуштајте во...
Финансиски хороскоп за 2024: Кој знак ќе се збогати, а кој ќе има проблем со парите? Бик - Оваа година ве очекува стабилен финансиски раст. Најповолен период на...
Финансиски хороскоп за февруари 2024 - Кои знаци ќе се збогатат, а кои ќе имаат проблем со парите? Стрелец - на почетокот на месецов ве очекува финансиска добивка, но внимавајте к...
6 хороскопски знаци кои (најверојатно) ќе имаат богати партнери во животот Бик: Тие се познати по тоа што го ценат луксузот и комфорот, па природно им доаѓ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg