Хороскопски знаци во кои најчесто се раѓаат мажите нарциси (и како да ги препознаете)

Додека повеќето мажи со знак Девица ја поддржуваат партнерката во сè, оние кои спаѓаат во категоријата нарциси ќе ја искористуваат и ќе имаат нереални барања од неа.

horoskopski-znaci-vo-koi-najchesto-se-ragjaat-mazhi-narcisi-i-kako-da-gi-prepoznaete-01.jpg

Како нарциси се опишани луѓето кои немаат емпатија, мислат само за себе и преку манипулација го изнудуваат од другите она што го сакаат.

Според астролозите, мажите со овие карактеристики најчесто се раѓаат во четири хороскопски знаци.

Не сите мажи со овие хороскопски знаци се нарциси и повеќето можат да бидат прекрасни партнери.

Но сепак, според астролозите, се сретнуваат најчесто во неколку знаци.

Па, во кои знаци најчесто се раѓаат мажите нарциси?

Риби

Овие мажи може да се претстават како чувствителни, но знаат да го користат ова за манипулација.

Обично нив им недостасува емпатијата која е својствена за Рибите и постојано им требаат комплименти и одобрување од партнерката.

Сакаат да бидат сожалувани, па постојано се жалат.

На почетокот можно е да ја опсипуваат партнерката со љубов и да ја натераат да мисли дека се вистински вљубени во неа, за по некое време да си го покажат вистинското лице.

Од друга страна, мажите со знакот Риби кои не се нарциси навистина можат да бидат најдобрите и најдарежливите партнери.

Стрелец

Стрелците кои се нарциси се експерти за флертување и лесно можат да ве освојат, но нив им е тешко да бидат верни и посветени на една партнерка.

Кога се само со партнерката, може да глумат совршен партнер, но во друштво на други луѓе, не им е проблем да флертуваат со други жени, и тоа пред нивната партнерка.

За нив, емоционалното неверство не е неверство, а ако партнерката им рече нешто, само ќе ја убедуваат дека е нормално да имаат пријателки со кои споделуваат дури и најинтимни детали од врската.

Стрелците кои не спаѓаат во категоријата нарциси се грижливи и им се посветуваат на партнерките.

Го даваат најдоброто од себе за да не ја повредат саканата личност.

horoskopski-znaci-vo-koi-najchesto-se-ragjaat-mazhi-narcisi-i-kako-da-gi-prepoznaete-02.jpg

Водолија

Водолиите кои се нарциси можат да бидат најстудените мажи што сте ги сретнале. Но, не го покажуват тоа на почетокот.

Најпрво глумат дека се добри партнери, но потоа намерно ја прават партнерката љубоморна бидејќи сметат дека така полесно ќе ја контролираат.

Знаат да бидат и агресивни, па караниците да станат честа појава.

Од друга страна, мажите Водолии кои не се нарциси се едни од најромантичните партнери.

Ѝ посветуваат многу време на партнерката и сакаат да ја изненадуваат со мали подароци.

Девица

На почетокот, овие мажи можат да ве хипнотизираат и да ве натераат да мислите дека сте им најважното нешто на светот.

Но, постепено почнуваат да ги зголемуваат нивните барања и да поставуваат стандарди што никој не може да ги достигне. И, со ова ги контролираат партнерките.

Доста често ги искористуваат партнерките, особено за пари, а никогаш не даваат нешто за возврат.

Мажите Девици кои не се нарциси се сосема спротивни од ова.

Ја сакаат партнерката таква каква што е и секогаш ќе ѝ бидат поддршка ако реши да се подобри.

Овде се за неа со што и да се соочува и не ни помислуваат да ја искористат.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Еден хороскопски знак кој важи за најлош во кревет (+зошто) Сексот со припадниците на овој хороскопски знак може да ви биде големо разочарув...
6 хороскопски знаци кои (најверојатно) ќе имаат богати партнери во животот Бик: Тие се познати по тоа што го ценат луксузот и комфорот, па природно им доаѓ...
5 хороскопски знаци кои имаат тежина во душата по секоја кавга Знаете кога во народните приказни ќе кажат „имам жаба на душата“? Епа таков тип ...
6 хороскопски знаци на кои често им е подобро сингл (+ зошто) Oвен: Сакаат спонтаност и лична слобода и не им е пријатно кога треба да прават ...
3 хороскопски знаци кои ќе ја пронајдат љубовта во есен 2024 Јарец: Ќе ја пронајдете стабилноста и љубовта за која одамна копнеевте. Оваа есе...
Кои хороскопски знаци се малери, а кои имаат најмногу среќа во животот? Стрелците некогаш одат со главата низ ѕид само за да тестираат колкава среќа има...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg