Со какви проблеми ќе се соочите овој ретрограден Меркур, според хороскопскиот знак?

so-kakvi-problemi-kje-se-soochite-ovoj-retrograden-merkur-spored-horoskopskiot-znak-02.jpg

Девица

Овој период ќе се чувствувате напнато, најмногу бидејќи Меркур е вашата владејачка планета.

Ќе се навратите на некои емоционални проблеми и очајно ќе сакате да ги решите.

Многу ќе размислувате и за неисплатените долгови доколку ги имате. Добро би било да се воздржите од импулсивно трошење и никако да не влегувате во нови долгови.

Ќе ви биде тешко и да се поврзете со саканите, па единствено ви останува да бидете трпеливи додека да помине периодот.

Вага

Можете да очекувате промени во пријателските и романтичните врски.

Ќе се јават проблеми со комуникацијата и недоразбирања, а вие нема да биде најтрпеливи за мирно да ги решите.

Ако сте во сериозна врска, и најмалата грешка од страна на партнерот може да ве натера да се посомневате во неговата љубов.

Не им верувајте на сите негативни мисли со кои ќе се соочите овој период.

Скорпија

Вам ретроградниот Меркур ќе ви даде можност за нов почеток.

Но, прво ќе се чувствувате фрустрирано бидејќи ќе ви се чини дека ништо не ви оди од рака.

Ќе размислувате и за вашите животни навики – ќе сфатите дека голем дел ви штетат и иако ќе бидете гневни на себе, ќе се мотивирате да се подобрите.

Ќе си поставувате прашања за секој аспект од животот и влијанието на вашите одлуки.

Овој период ќе ви ги отвори очите и ќе ви помогне да станете подобра личност долгорочно.

Стрелец

Ве очекуваат промени на поле љубов, но и кај вашата креативност.

Ќе ви се чини дека во љубовта немате среќа, а ќе имате проблеми со креативноста, како да имате блокада.

Ќе пробате да ги надминете предизвиците, но нема да ви оди лесно, а ова дополнително ќе ве фрустрира.

Наместо да се фокусирате на она што не можете да го средите, периодов навратете се на проблеми и обврски што сте ги запоставиле и ќе се чувствувате многу подобро.

Јарец

Главниот фокус ќе ви биде домот, а со тоа и односот со семејството и партнерот.

Можни се неколку расправии, па дури и конфликт со родителите за некој нивен пропуст одамна.

Наместо место за релаксација, домот ќе ви биде како извор на фрустрации што значително ќе ви го отежни периодот.

Пробајте да не се фокусирате премногу на лошите работи и размислете што вие можете да промените.

Водолија

Додека трае ретроградниот Меркур, многу внимавајте на вашите зборови.

Ќе бидете импулсивни и можни се многу недоразбирања со саканите, па и колегите.

Обрнете посебно внимание на пишаната комуникација и читајте ги пораките пред да ги испратите.

Генерално, потрудете се да ја подобрите комуникацијата за периодот да ви помине без поголеми проблеми.

Риби

Добро би било овој период да обрнете внимание на финансиите.

Можно е да се јават неочекувани трошоци или долгови чие плаќање сте го одолговлекувале.

Ќе сфатите дека имате помалку пари отколку што ви се потребни, па немојте да трошите импулсивно.

Но, по завршувањето на ретроградниот Меркур, ситуацијата ќе ви се подобри и ќе најдете решение за повеќето проблеми.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Годишен хороскоп за 2024: Рак Во 2024-та ќе имате можности за дополнителна заработка, но и непланирани трошоци...
Најголемата грешка што ја правите во љубовта, според вашиот месец на раѓање Ако сте родени во месец март, тогаш треба да научите себеси да се цените повеќе....
По најдолгиот ден во годината, следува полна Месечина – Како ќе влијае врз хороскопските знаци? Девица – Ако сте сингл, ќе имате можност да ја најдете вистинската личност за ва...
Како да го задржите интересот на партнерот во врската, според хороскопот? Овен – Сакаат да бидат со некој што ќе ги предизвикува, ќе им биде партнер во ав...
На што да обрнете внимание (и да промените) пред 2025-та, според хороскопскиот знак? Риби, размислете за вашите соништа. Дали сте презеле нешто во врска со нив или ц...
Годишен хороскоп за 2024: Овен Во 2024-та, Овните ќе имаат можност за значителен напредок на професионално поле...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg