- Check if RSS URL is online
- Check if RSS contains items
Со какви проблеми ќе се соочите овој ретрограден Меркур, според хороскопскиот знак?
Водолии, ќе бидете импулсивни и можни се многу недоразбирања со саканите, па и колегите. Обрнете посебно внимание на пишаната комуникација и читајте ги пораките пред да ги испратите.
Оние кои се упатени во астрологијата, знаат дека ретроградниот Меркур означува период на предизвици и проблеми.
Меркур е планетата на комуникацијата, начинот на размислување, флексибилноста… Па, кога е во ретроградна фаза, може да се почувствува влијание врз сите овие аспекти.
Овој ретрограден Меркур почнува од 1-ви април и трае до 25-ти април.
Ова не значи дека овој период ќе ве следат несреќи, но добро е да бидете подготвени и да знаете на што да се фокусирате до крајот на периодот.
На што да обрнете внимание овој ретрограден Меркур?
Овен
Искористете го периодот да забавите и да размислите што сакате да бидете и што сакате да правите во животот.
Можеби ќе бидете инспирирани да направите некои големи животни промени, но не заборавајте дека ова е период кога треба да размислувате, а не да делувате.
Можно е да бидете фрустрирани во некои мигови кога нема да можете да се искажете себеси, а можно и да ве надвладеат негативни чувства.
Но, сето ова ќе помине со завршувањето на периодот.
Бик
Искористете го ретроградниот Меркур за вистински да ги наполните батериите.
Ќе бидете исцрпени и ќе имате проблеми со менталното здравје, а можно е и да се присетите на проблеми што досега сте ги избегнувале.
Додека трае периодот, немојте да делувате набрзина, туку добро размислете што е она што ве загрижува и како можете да го решите.
Можно е да сакате да минувате повеќе време насамо и добро би било да ја задоволите оваа потреба.
Близнаци
Обично сте друштвена личност, но овој период ќе немате енергија и мотивација за дружба.
Ќе ви се чини дека сте оддалечени од пријателите и нема да бидете расположени за разговори.
Но, важно е да знаете дека помеѓу вас и саканите нема никаков проблем туку, едноставно, станува збор за период кога сакате малку да се изолирате.
Од друга страна, можно е да почнете да размислувате за некои стари пријатели со кои сте изгубиле контакт и да добиете желба да го обновите пријателството.
Рак
Најверојатно ќе се соочите со некои предизвици на работното место.
Можно е да има проблем поради лоша комуникација или поради некои недовршени обврски.
Ќе си создадете дополнителни проблеми ако делувате импулсивно, без многу размислување.
Искористете го овој период да размиsлите што сакате да промените во вашиот живот. Ако не се движите во вистинската насока, размислете како да го направите тоа.
Лав
Ќе се чувствувате многу несигурно, но важно е да знаете дека тоа е во ред.
Ќе се двоумите дали сте на виситнскиот пат или можеби треба да направите некаква промена.
Досегашните планови нема да ви изгледаат најсигурно и ќе ви се чини дека сте изгубиле допир со она што ви е навистина важно.
Наместо премногу да се оптоварувате за самите цели, размислете како ќе можете да ги реализирате и, секако, дозволете си да направите некоја грешка.