There are not feed items to display.
  • Check if RSS URL is online
  • Check if RSS contains items


Како да поканите маж на љубовен состанок, според неговиот хороскопски знак?

Лавовите сакаат драма, па поканете го на состанок кога ќе биде опкружен со многу луѓе, а пред кои потоа ќе може да се пофали колку е „моќен“.

kako-da-go-pokanite-na-ljuboven-sostanok-spored-negoviot-horoskopski-znak-01.jpg

Ви се допаѓа некој маж, па сакате да го направите првиот чекор и да го поканите на љубовен состанок? Најважна е тактиката и како да му пријдете за да рече „да“.

А според астролозите, големо влијание на тоа има и неговиот хороскопски знак.

Па, како да го поканите на љубовен состанок, а да не ве одбие, според неговиот хороскопски знак?

Овен

Овните сакаат силни и решителни жени, а постојано бараат нова авантура.

За да го привлечете, земете го неговиот телефон, заследете се на Инстаграм и дајте му предизвик да ви пише уште истиот ден - а потоа поканете го на состанок.

Бик

Биковите не сакаат да го преземат првиот чекор, па ако вие го поканите на состанок, тоа секако ќе биде плус за вас.

Уште и ако му понудите излегување во ресторан или да зготвите нешто, веднаш ќе го придобиете.

Близнаци

Близнаците сакаат да флертуваат, па ќе ја прифатат вашата покана ако им звучи интересно.

Можете да ги викнете на пијалак во познат ресторан, место каде што сигурно тој ќе ужива (а и вие). Или уште подобро, на опуштена прошетка во парк.

Рак

Ракот секогаш сака да покаже дека има интересни идеи - па затоа кога го каните на состанок, направете го тоа на начин кој ќе делува како тој да ве инспирирал да го поканите со некоја своја идеја.

На пример, спомнете дека обожавате да готвите, а кога и тој ќе ви каже дека е одличен готвач, викнете го кај вас за да зготвите нешто заедно.  

Лав

Лавовите сакаат драма, па поканете го на состанок кога ќе биде опкружен со многу луѓе, пред кои ќе може да покаже колку е „моќен“.

Кажете му дека сте купиле билети за концерт/кино и дека тој ќе биде вашиот совршен +1, па дајте му ја својата адреса за да ве земе од дома.

Девица

Девиците сакаат да поправаат работи, па за да го поканите на состанок, најдете некоја таков изговор.

На пример, кажете му дека ви треба помош во дворот со нешто што се оштетило и сега не знаете како да го поправите. Сигурно нема да ве одбие.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Љубовен хороскоп за ноември 2024: Ракови - токсична личност од минатото ќе сака да ви се врати во жи... Бикови: Можно е работите да станат сериозни, па да ја официјализирате љубовта со...
Еден хороскопски знак кој важи за најлош во кревет (+зошто) Сексот со припадниците на овој хороскопски знак може да ви биде големо разочарув...
6 хороскопски знаци на кои често им е подобро сингл (+ зошто) Oвен: Сакаат спонтаност и лична слобода и не им е пријатно кога треба да прават ...
3 хороскопски знаци кои ќе доживеат голема љубов во 2024-та Бидете отворени за нови познанства, но не влегувајте избрзано во врска за да не ...
6 хороскопски знаци кои (најверојатно) ќе имаат богати партнери во животот Бик: Тие се познати по тоа што го ценат луксузот и комфорот, па природно им доаѓ...
3 хороскопски знаци кои ќе ја пронајдат љубовта во есен 2024 Јарец: Ќе ја пронајдете стабилноста и љубовта за која одамна копнеевте. Оваа есе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg