Какви се хороскопските знаци кога ќе станат на „лева нога“ (а какви кога денот им е убав)?
Вага
Кога денот им е добар:
Кога се расположени, тие се олицетворение на хармонија и дипломатија. Зрачат со елеганција и достоинство, без проблем ги балансираат сите опции што им се нудат и креираат совршена атмосфера.
Важат за мошне дружељубиви личности кои без проблем се вклучуваат во секоја конверзација.
Кога станале на лева нога:
Чувствуваат дека го загубиле балансот и не се во можност добро да расудуваат.
Стануваат неодлучни, а правењето избор меѓу најбезначајните работи за нив е тешка задача.
Ако очекувате одговор од Вагата кога денот не ѝ е добар, бидете подготвени да почекате.
Скорпија
Кога денот им е добар:
Зрачат со магнетска привлечност. Нивната страст и одлучност предизвикуваат завист и восхитување и луѓето „се лепат“ за нив и не можат да им одолеат.
Во добрите денови, Скорпиите се синоним за мистерија и привлечност.
Кога станале на лева нога:
Кога не се расположени, сфаќате колку всушност тие се одмаздољубиви и посесивни.
Подготвени се да го прошират својот отров на секој што само ќе се осмели да им застане на патот. Ако забележите дека станале на лева нога, бегајте затоа што нивната лутина не познава граници.
Стрелец
Кога денот им е добар:
Кога се расположени тие се авантуристи и филозофи. Полни се со ентузијазам и заразна љубов за авантури, па веднаш размислуваат за следната експедиција што сакаат да ја започнат.
Во овие денови зрачат со оптимизам и лесно може да ве натераат да им се придружите во нивните бегства.
Кога станале на лева нога:
Се чувствуваат како да ја загубиле целта и нивниот оптимистички дух замира.
Стануваат немирни, а заради нивните „искрени забелешки“ имате чувство дека единствена цел им е да ве повредат.
Бидете внимателни со нив кога денот не им е добар, затоа што нивните зборови може да ве повредат како залутана стрела од нивниот арсенал.
Јарец
Кога денот им е добар:
Јарците се синоним за амбиција и одлучност. Важат за работливи луѓе кои се целосно фокусирани на успехот.
Сите им завидуваат на работната етика и дисциплината, па лесно ги инспирираат другите да ги остварат сопствените цели.
Кога станале на лева нога:
Имате чувство дека Јарците ги „заглавиле роговите“ во едно место и не можат да се помрднат, а зрачат со неверојатен песимизам.
Стануваат прекумерно критички настроени, па не штедат на лошите зборови за себе, но и за луѓето околу нив.
Бидете внимателни, затоа што кога денот не им е „по мерка“, тие можат да ги повредат и оние луѓе што се најнечувствителни.
Водолија
Кога денот им е добар:
Кога се среќни Водолиите стануваат визионери и хуманитарци. Полни се со нови креативни и иновативни идеи и се обидуваат да ги инспирираат луѓето да направат промени во светот.
Тие се светлината што ги води другите луѓе да ги направат неопходните промени.
Кога станале на лева нога:
Стануваат турбулентни, а нивниот бунтовен карактер доаѓа целосно до израз.
Никој ништо не смее да им каже, а го игнорираат секој добронамерен совет и обид за помирување.
Кога им приоѓате, бидете трпеливи и отворени, затоа што нивната непредвидливост може да „ве фати“ неподготвени.
Риби
Кога денот им е добар:
Полни се со имагинација и фантазија. Стануваат уметници и визионери, кои секогаш се полни со инспирација.
Зрачат со сочувство и чувствителност и имате чувство дека не постојат подобри луѓе на светот.
Кога станале на лева нога:
Се чувствуваат како да пливаат во спротивна насока од течението на реката и се дават во сопствениот свет на илузии и меланхолија.
Нивните емоции стануваат неподносливо силни и ги надминуваат сите граници.
Бегајте кога не се расположени, затоа што лесно ќе ви ја пренесат целата негативна енергија што ги оптоварува.
Б. С. Б. | Црнобело