Голем индијански хороскоп – Кој е вашиот знак (и кои ви се добри и лоши страни)?
Знаете ли што сте во индијански хороскоп? Прочитајте кое е вашето духовно животно и што открива тоа за вас.
Според верувањата на американските Индијанци, секој човек има свое духовно животно во моментот кога се раѓа, и тоа зборува многу за него како личност, но и укажува на тоа какви сте духовно.
Астрологијата е мошне опширно поле, а многумина сметаат дека индијанскиот хороскоп и индијанските знаци се едни од најточните и најинтересните.
Познато е дека Индијанците имале свои посебни техники за предвидување на иднината, а хороскопот бил само еден од начините со кои се обидувале да го дефинираат карактерот на личностите и на луѓето и нивната улога во заедниците во коишто живееле.
Во продолжение, според датумот на раѓање, откријте кое е вашето духовно животно и што тоа значи за вас:
Видра (20.01 – 18.02)
Западен хороскопски знак: Водолија
Елемент: Воздух
Лични карактеристики: Пријателски настроени, самостојни, необични
Најдобро се согласуваат со: Сокол, Гавран, Елен
Индијанците сметале дека Видрите се доверливи, екстремно креативни, независни и мошне љубезни луѓе.
Имаат силна интуиција, добро знаат да ги осмислат работите и обрнуваат внимание на оние детали, што другите воопшто и не ги забележуваат.
Важат за ексцентрични луѓе, со добра смисла за хумор, па затоа се мошне забавни за дружење.
Тие исто така се чувствителни и лојални луѓе кои секогаш ќе бидат тука за своите сакани и ќе дадат сè за да им помогнат да се ослободат од проблемите.
Лошата страна им е тоа што знаат да бидат големи бунтовници, кои понекогаш сакаат да се затворат во себе, а штом ќе ви кажат дека сакаат да бидат сами, најдобро е да ги оставите и да им дадете простор.
Волк (19.02 – 20.03)
Западен хороскопски знак: Риби
Елемент: Вода, Воздух
Лични карактеристики: Дарежливи, имаат силна интуиција, емотивни
Најдобро се согласуваат со: Змија, Клукајдрвец, Мечка
Иако Волците се сметаат за едни од најопасните животни, реалноста е дека тие се едни од најемотивните, најгрижливите и добродушни суштества што ќе имате можност да ги запознаете.
Тоа се мошне чувствителни луѓе, кои реагираат и на најмалите негативни или позитивни „вибрации“ во околината.
Исто како и нивното духовно животно, луѓето родени во овој знак се чувствуваат безбедно и среќно кога се во нивната „глутница“ (со блиските), а тешко се справуваат со загубата на саканите личности.
Имаат чисто срце, полно со љубов и можат да жртвуваат сè свое за луѓето околу нив да бидат среќни.
Но, ако ги повредите или ако ја изневерите нивната доверба, тие стануваат екстремно злобни и одмаздливи.
Кога се чувствуваат повредено и гневно, на луѓето може да им делуваат застрашувачки.
Сокол (21.03 – 19.04)
Западен хороскопски знак: Овен
Елемент: Оган
Лични карактеристики: Мудри, спонтани, моќни
Најдобро се согласуваат со: Лосос, Був
Важат за храбри и бестрашни лидери. Тие се силни и моќни и никогаш не се откажуваат од борба, па не можете лесно да ги уплашите.
Тие се сметаат за лидери затоа што имаат можност да ја видат големата слика и во најтешките ситуации и да излезат со победнички план.
Храбри се, доверливи, страсни и мошне тврдоглави, па затоа ја победуваат секоја битка со којашто ќе се соочат. Имаат потреба да победуваат, па затоа најчесто се пример за луѓето околу нив.
Лоша страна им е што понекогаш можат да бидат премногу егоцентрични и самоуверени. Одбиваат да си ги признаат грешките, дури и тогаш кога знаат дека не се во право.
Кога се уверени во нешто, стануваат нетрпеливи, пречувствителни, сурови и некултурни додека се обидуваат да ви докажат дека се во право.
Дабар (20.04 – 20.05)
Западен хороскопски знак: Бик
Елемент: Воздух, Оган
Лични карактеристики: Доверливи, работливи, прагматични
Најдобро се согласуваат со: Мечка, Клукајдрвец, Гуска
Луѓето што се родени во овој знак секогаш се трудат да одат „на сигурно“ и не сакаат да преземаат ризици. Затоа секогаш се придржуваат до правилата и до општоприфатените норми што знаат дека сигурно нема да им влијаат негативно врз животот.
Тие се материјалисти по природа и среќни се и се чувствуваат удобно кога се материјално сигурни.
Дабарите се способни да обезбедуваат добар живот и се чувствуваат прекрасно кога се во можност да направат нивните блиски да се чувствуваат посебно, така што ќе им дадат голем број подароци и убави работи.
Негативна страна им е тоа што се екстремно амбициозни, сакаат да доминираат и да го наметнат сопствениот авторитет.
Тешко простуваат, па заради тоа често знаат како да кројат планови за да им се одмаздат на луѓето што им згрешиле.
Елен (21.05 – 20.06)
Западен хороскопски знак: Близнаци
Елемент: Земја, Оган
Лични карактеристики: Комуникативни, мудри, со променливо расположение
Најдобро се согласуваат со: Видра, Гавран
Елените знаат како да го привлечат вниманието врз себе, дури и кога не прават ништо посебно, и во тоа е нивниот најголем талент.
Ретко може да се случи да ги видите како седат смирени на едно место, затоа што секогаш се подготвени за нови искуства и да видат што е можно повеќе во животот.
Често знаат да скокаат од авантура во авантура затоа што се љубопитни, а благодарение на интелигенцијата, тие имаат одлични комуникациски вештини и со нив можете да зборувате буквално на секоја тема.
Иако во суштина се добри луѓе, негативна страна им е тоа што понекогаш не можете да се потпрете на нив, затоа што се мрзеливи, нетрпеливи и себични.
На луѓето не им се допаѓа тоа што понекогаш знаат да бидат дволични, постојано да го менуваат мислењето и да имаат променливо расположение.
Клукајдрвец (21.06 – 21.07)
Западен хороскопски знак: Рак
Елемент: Вода
Лични карактеристики: Чувствителни, заштитнички настроени, секогаш ве поддржуваат
Најдобро се согласуваат со: Дабар, Волк, Змија
Исто како што Клукајдрвците се сконцентрирани на градење и обезбедување на најдоброто гнездо за своите малечки, така луѓето што се родени во овој знак се заштитнички настроени и грижливи.
Тие секогаш знаат да дадат поддршка, да ве сослушаат, па нема да им пречи ако им се јавите и во 3 часот по полноќ. Тоа што се целосно предадени и посветени на саканите значи дека Клукајдрвците се луѓето што секогаш сакате да бидат покрај вас.
Но, понекогаш нивната чувствителност и заштита можат да бидат пресилни, па да имате чувство дека се задушувате.
Преголемата чувствителност понекогаш им е пречка за да имаат директни и искрени разговори, а ќе бидете изненадени колку силни можат да бидат кај нив чувствата на љубомора, посесивност, презир и гнев, особено ако се повредени или вознемирени.