Колку „вистински“ љубови ќе имате во животот, според хороскопскиот знак?

kolku-vistinski-ljubovi-kje-imate-vo-zhivotot-spored-horoskopskiot-znak-02_copy.jpg

Вага

За Вагата секоја нова љубов може да донесе нова лекција во животот. Вие сте луѓе што сакаат да го живеат животот со полн здив, а целосно се посветувате на секоја нова љубов затоа што не знаете поинаку.

Но, со тек на време ќе сфатите дека не ја заслужува секој вашата љубов и дека нема потреба целосно да се предавате. Вагите најверојатно ќе имаат три големи љубови, а секоја од нив ќе им донесе по една важна лекција.

Скорпија

Иако делувате мошне мистериозно и повлечено, вие знаете вистински да сакате, но најчесто сте цинични и одбивате да зборувате за сопствените емоции.

Ќе се вљубите најверојатно трипати. Првиот пат ќе настапите со отворено срце и наивно, вториот пат ќе сакате да си докажете себеси дека знаете да сакате, а третиот пат ќе бидете внимателни и тешко ќе направите простор за новата личност, но кога ќе бидете сигурни дека тоа е вистинската личност, нема да се штедите.

Стрелец

Секојпат кога работите стануваат посериозни, вие имате навика да „фатите магла“. Вас ве фаќа паника кога ќе помислите дека треба целосно да се посветите на некоја личност.

Најверојатно ќе имате четири вистински љубови, а секоја наредна ќе биде поинтензивна и посилна од претходната.

Јарец

Вие сте подготвени целиот живот да чекате на вистинската личност и не се вљубувате лесно, затоа што знаете што сакате во животот и какви критериуми треба да поседува личноста што ќе биде со вас.

Ќе имате најверојатно само една вистинска љубов во животот и тој ден кога ќе ја запознаете, сите ќе знаат дека сте зафатени за цел живот.

Водолија

Секогаш кога сте во врска, имате чувство дека треба да изберете помеѓу сопствената независност и љубовта. Со оглед на тоа што и двете работи ви се мошне важни, често се наоѓате во вистинска дилема.

Но, со тек на време ќе сфатите дека овие две работи не треба меѓусебно да се исклучуваат и дека со вистинската личност нема да ја загубите независноста.

Ќе ја најдете вистинската љубов двапати. Првиот пат нема да знаете што точно сакате, но вториот пат ќе бидете посамоуверени и ќе знаете од самиот почеток да кажете што ви треба.

Риби

Вие сонувате за „вистинската“ љубов од мали нозе. Цел живот посакувате да ја најдете личноста што ќе биде совршена за вас, ќе ве сака со цело срце и ќе направи да скокате од радост, но постојано стравувате дека ќе направите нешто за таа врска да не успее.

Ќе ја најдете вистинската љубов само еднаш во животот и тоа во целост ќе ве промени. Кога ќе се вљубите, ќе знаете како да бидете искрени, полни со разбирање и свои.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Хороскопските знаци рангирани од најдобриот до најзлобниот Близнаците се наоѓаат на средина – не се многу добри, но не се ни многу лоши и с...
Љубовен хороскоп за јули 2024: Стрелци - мечтаете за забранета љубов, Бикови - монотонија во бракот Близнаци - во јули можна е средба со некој кој живее во странство, а со кого сте...
Љубовен хороскоп за јуни 2024: Јарци – Ќе бегате од партнерот, Водолии – Минатото ве прогонува Рак – Јуни ќе ви донесе целосен пресврт на љубовен план и ќе ви стане јасно дека...
Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
Една работа што ви недостасува во животот за да бидете среќни, според хороскопскиот знак Јарци, вие сте вредни и успешни, но во животот ви треба и забава. Мора да научит...
Како реагира секој хороскопски знак кога е гневен (и како да научи да се контролира)? Риби – Тие се мирољубиви луѓе кои не можат лесно да се справат со своите негатив...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg