Што ви создава стрес за празниците според хороскопскиот знак (и како да се ослободите од него)?
Вага
Семејните собири се радост за многумина, но за Вагите може да бидат причина за стрес затоа што тие однапред се обидуваат да ги предвидат сите конфликти што би можеле да настанат и постапките што ќе треба да ги преземат за да се смири тензијата.
Наместо да се вклучуваат во вжештените дискусии и да се обидат да ги помират завојуваните страни, за Вагите е најдобро да се тргнат од такви ситуации.
Понекогаш дури е добро и да одбијат да присуствуваат на настани или соби каде што знаат дека може да се најдат во таква ситуација.
Скорпија
Скорпиите мразат кога треба да водат неврзани разговори или да одат на места каде што има големи гужви. Ги излудуваат разговорите каде што треба да откријат премногу детали за себе, па затоа сите собири на кои има непознати луѓе може да бидат причинител за стрес.
Најдобро е да избегнуваат да одат на такви собири и да испланираат забава со најблиските и пријателите или, пак, со луѓето со коишто можат да се чувствуваат свои.
Дополнително, нема потреба да прифатат да излегуваат ако најмногу од сѐ во моментот сакаат да си останат дома и да не одат никаде.
Стрелец
Уживаат во забави и среќни се кога атмосферата е еуфорична и сите се забавуваат.
Но, ги излудува ако некој им наметне некои правила или им дава обврска што не можат да ја избегнат. Исто така, најголем стрес може да им претставува ако ги натерате целиот ден да го поминат во едно место.
За да се ослободат од стресот, добро би било да одвојат време и за долга прошетка во природа и на тој начин психички да се подготват за долгите прослави.
Јарец
Јарците се перфекционисти кои имаат детално утврден план за празниците, напишан во табела, и се трудат чекор по чекор да ги завршат сите обврски што си ги наметнале.
Но, во мигот кога плановите ќе се расипат и нема да одат според претходно утврдениот распоред, Јарците стануваат нервозни и анксиозни.
За нив, најдобар лек е ако успеат пред празниците да си овозможат шопинг терапија и да ги завршат сите обврски предвреме. Само така ќе се чувствуваат позитивно и нема да бидат под постојан стрес дека нешто ќе им ги расипе плановите во последен миг.
Водолија
Важат за хуманитарци за кои празниците се период кога треба сите да имаат автентично доживување, а може да им претставува стрес ако чувствуваат дека не се во можност да направат нешто за сите луѓе околу нив да си поминат убаво.
Ќе се чувствуваат одлично ако успеат да одвојат денови кога ќе можат да волонтираат или да се вклучат во хуманитарни акции.
За нив е најважно да знаат дека направиле сѐ за да им помогнат и на оние што се немоќни и така ќе се чувствуваат најдобро.
Риби
Ова се луѓе што се вечни оптимисти и може да им се случи целиот претпразничен период да го поминат во подготовки, а да останат разочарани кога ќе сфатат дека конечниот резултат ги изневерил нивните огромни очекувања.
Добро би било во периодот пред празниците да не заборават да се грижат за себе и за сопственото здравје.
Да земат само толку обврски колку што можат да завршат и да не заборават дека им треба одмор и добар сон.
Б. С. Б. | Црнобело