Како ќе влијае ретроградниот Меркур, кој почнува на 13 декември, на хороскопските знаци?
Последниот ретрограден Меркур во 2023 почнува на 13 декември и ќе трае до 1 јануари 2024. Како ќе влијае тој на вашиот хороскопски знак?
Овој пат тој се наоѓа во знакот на Јарец, а тоа значи дека може да предизвика проблеми поврзани со парите, со начинот на кој комуницирате со луѓето, а може да влијае и на вашите планови за патување кон крајот на декември.
Ретроградниот Меркур се поклопува со последната млада месечина во годината, што значи дека може да донесе многу нови идеи и перспективи.
Ова е одличен период да почнете да реализирате нови деловни проекти.
Во овој период, многумина ќе се ослободат од стариот „багаж“ и ќе имаат можност за нов почеток.
Што им носи последниот ретрограден Меркур годинава на хороскопските знаци?
Овен, Рак, Вага и Јарец
Ако сте родени во еден од овие четири знаци, тогаш најголемиот стрес во следните 20-тина дена ќе ви биде поврзан со парите и финансиите, но и со љубовните врски.
Во овие денови размислете убаво како се гледате самите себе и колку се цените.
Некои од вас ќе решат дека е време да го сменат работното место или да почнат кариера во друга област.
Но, запомнете, среќата нема да ја најдете во парите.
Прифатете ги промените кои му одговараат на вашиот карактер.