5 хороскопски знаци кои (веројатно) ќе стапат во брак во 2024 година

Овенот има темпераментен и авантуристички дух и не е лесно да го контролирате. Сепак, токму тој дух ќе го направи неодолив наредната година, па потенцијалниот партнер лесно може да „падне на колена“. Најголеми шанси за венчавка има во првата половина од годината.

5-horoskopski-znaci-koi-verojatno-kje-stapat-vo-brak-vo-2024-godina-01.jpg

Според астрологијата, годинава која ни следи ќе донесе брак за некои хороскопски знаци, а во продолжение „ѕирнете“ дали и вие сте на оваа листа. 

Кои хороскопски знаци можат да очекуваат брак во 2024-та?

Овен

Овенот има темпераментен и авантуристички дух и не е лесно да го контролирате. Сепак, токму тој дух ќе го направи неодолив наредната година, па потенцијалниот партнер лесно може да „падне на колена“.

Најголеми шанси за венчавка има во првата половина од годината. Ако кажат „да“, на овие хороскопски знаци им следи среќен период.

Бик

Бикот е познат по својата стабилност, но во 2024 година астрологијата му предвидува многу турбуленции. На љубовен план, можно е прекинување на љубовна врска, но токму тоа ќе доведе до потенцијален брак.

Всушност, кога партнерите се разделуваат, страстите стивнуваат, а тие трезвено размислуваат за тоа колку љубов и почит чувствуваат еден кон друг, па тоа ќе ги врати во уште похармонична заедница.

Што значи, по раскинувањето следи помирување, па венчавка.

proverete-dali-ste-na-listata-horoskopski-znaci-koi-gi-cheka-brak-vo-2024-godina-01.jpg

Рак

Ракот е еден од најчувствителните хороскопски знаци, секогаш подготвен да помогне. Подготвеноста да се грижи и да му се посвети на партнерот може да дојде до израз во 2024 година.

Астролозите предвидуваат случување на значајни работи за време на некое патување, па ако тоа биде токму со партнерот, можна е понуда за брак.

Скорпија

Скорпијата се води од страста, а токму тоа ќе го привлече партнерот во 2024 година. Романтиката и уживањето ќе водат кон големи ветувања, а ѕвездите предвидуваат големи шанси за свадба, особено за оние кои имале неуспешен брак.

Заборавете на она што во минатото не функционирало, овој пат доаѓа поголема среќа.

Јарец

Упорниот и амбициозен Јарец е незапирлив кога ќе си науми нешто, а во 2024 година ќе сака да го среди својот брачен статус.

Ако е малку збунет кога се во прашање емоциите, чувството на меѓусебно почитување и разбирање, сигурно ќе го убеди дека време е за брак.

М. Ѓ | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

Еден хороскопски знак кој важи за најлош во кревет (+зошто) Сексот со припадниците на овој хороскопски знак може да ви биде големо разочарув...
6 хороскопски знаци на кои често им е подобро сингл (+ зошто) Oвен: Сакаат спонтаност и лична слобода и не им е пријатно кога треба да прават ...
6 хороскопски знаци кои (најверојатно) ќе имаат богати партнери во животот Бик: Тие се познати по тоа што го ценат луксузот и комфорот, па природно им доаѓ...
3 хороскопски знаци кои ќе доживеат голема љубов во 2024-та Бидете отворени за нови познанства, но не влегувајте избрзано во врска за да не ...
5 хороскопски знаци кои имаат тежина во душата по секоја кавга Знаете кога во народните приказни ќе кажат „имам жаба на душата“? Епа таков тип ...
3 хороскопски знаци кои ќе ја пронајдат љубовта во есен 2024 Јарец: Ќе ја пронајдете стабилноста и љубовта за која одамна копнеевте. Оваа есе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg