4 хороскопски знаци на кои им е тешко да ги искажат своите чувства + совет како да го променат тоа
Вагите се шармантни личности кои на проблемите во животот им пристапуваат дипломатски. Но, нивната желба за рамнотежа и хармонија некогаш ги спречува во намерата да ги споделат своите чувства.
Понекогаш на сите ни е тешко да ги споделиме нашите чувства, и тоа од разни причини.
Страв ни е да не повредиме некого, да не создадеме конфликт и што уште не.
Но, следниве хороскопски знаци речиси постојано мака мачат да бидат искрени за своите чувства:
Рак
Раковите се познати по нивната грижлива природа.
Но, тоа што се премногу чувствителни некогаш им го отежнува искажувањето на сопствените чувства.
Страв им е дека ќе ги повредат другите и дека нема да бидат разбрани или дека нема да се изразат добро.
Совет: За полесно да ги искажувате чувствата и емоциите, вежбајте јасна комуникација. Не заборавајте дека вашите чувства се исто важни колку и туѓите, а со тоа што ќе ги споделите, повеќе ќе се зближите со саканите.
Риби
Рибите се имагинативни и креативни, но нивната емоционална длабочина им создава проблеми кога треба да се соочат со другите.
Некогаш им е поважна хармонијата отколку искреноста. Се плашат дека ако ги споделат нивните чувства, ќе го нарушат мирот.
Но, не сфаќаат дека токму со ова си ја нарушуваат хармонијата во животот.
Совет: Искористете ја вашата креативност – искажете ги чувствата преку уметност, пишување, музика… Ова е безбеден начин да кажете што мислите. А, по некое време ќе ви стане полесно и директно да го споделувате она што вистински го чувствувате.
Вага
Вагите се шармантни личности кои на проблемите во животот им пристапуваат дипломатски.
Но, нивната желба за рамнотежа некогаш ги спречува во намерата да ги споделат своите чувства.
Загрижени се дека ќе создадат конфликт или дека ќе остават лош впечаток, па настојуваат да го премолчат она што го чувствуваат.
Совет: Создајте рамнотежа во односот со другите така што ќе бидете искрени и со себе, и со луѓето околу вас. Не заборавајте дека споделувањето на чувствата ќе ви помогне да ги зајакнете врските со саканите. Тоа што се ставате на прво место воопшто не значи дека сте себични.
Девица
Девиците се практични личности, но премногу размислуваат и смислуваат нереални сценарија, а поради ова им е тешко да ги искажат нивните чувства.
Претерано анализираат како се чувствуваат, па на крај им е тешко да ги опишат емоциите со зборови.
Совет: Верувајте ѝ на вашата интуиција и прифатете ја едноставноста во комуникацијата. Постојаното анализирање има влијание врз вашата моќ на расудување, па заборавете на тоа.
Спирова С. | Црнобело