Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


3 хороскопски знаци кои немаат лош збор за бившите (и зошто)

Стрелец: Тие се познати по својот ведар и слободен дух, па знаат дека разделбата е процес кој мора да се надмине. Кога емоциите им спласнуваат, тие ги ценат убавите мигови кои ги минале со поранешниот партнер и му оставаат убаво место во спомените.

3-horoskopski-znaci-koi-nemaat-losh-zbor-za-bivshite-i-zoshto-01.jpg

Некои хороскопски знаци фрлаат со дрвја и со камења по поранешните партнери, додека други се разделуваат достоинствено, па дури остануваат и во добри односи.

Хороскопски знаци кои немаат лош збор за бившите:

Водолија

Тие знаат како да расчистат со емоциите по крајот на врската, веруваат дека времето лекува сè и на ситуациите гледаат објективно.

Одлични се во комуникацијата и со поранешните партнери работите ги расчистуваат со отворен разговор.

Плус, олеснително е што тие најчесто се состануваат со луѓе со слични интереси и вредности и затоа врските ги завршуваат со почит и разбирање.

Со здрав и конструктивен пристап продолжуваат понатаму во животот.

Стрелец

Тие се познати по својот ведар и слободен дух, па знаат дека разделбата е процес кој мора да се надмине.

Кога емоциите им спласнуваат, тие ги ценат убавите мигови кои ги минале со поранешниот партнер и му оставаат убаво место во спомените.

Отворени се и искрени при ставањето крај на врската, па никогаш не обвинуваат жестоко и со остри зборови.

Oгнени се, но разговорите секогаш ги водат со почит.

3-horoskopski-znaci-koi-nemaat-losh-zbor-za-bivshite-i-zoshto-02.jpg

Риби

Тие се страсни и емпатични. Зрачат со оптимизам и секогаш ги гледаат позитивните работи во секоја ситуација, па така е и при раскинувањата.

Ги ценат пријателските односи, па во такви односи сакаат да останат со поранешните партнери.

Рибите се емотивни и многу ја ценат љубовта која некогаш постоела, иако таа престанала.

Подготвени се да простат, да не се полнат со негативна енергија и да го ценат искуството од кое многу научиле.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кои 5 хороскопски знаци ќе бидат најсреќни во 2025-та? Лавови - Во 2025-та ќе зрачите со некоја посебна магија и шарм од самото тоа што...
Еден хороскопски знак кој важи за најлош во кревет (+зошто) Сексот со припадниците на овој хороскопски знак може да ви биде големо разочарув...
6 хороскопски знаци кои (најверојатно) ќе имаат богати партнери во животот Бик: Тие се познати по тоа што го ценат луксузот и комфорот, па природно им доаѓ...
6 хороскопски знаци на кои често им е подобро сингл (+ зошто) Oвен: Сакаат спонтаност и лична слобода и не им е пријатно кога треба да прават ...
5 хороскопски знаци кои имаат тежина во душата по секоја кавга Знаете кога во народните приказни ќе кажат „имам жаба на душата“? Епа таков тип ...
Хороскопски знаци кои ќе имаат успех во кариерата и љубовта до крајот на зимата 2025 Скорпија - Ненадејно ќе добиете деловна шанса што може да ви ја подобри финансис...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg