Какви сте кога сте лути и нерасположени, според хороскопскиот знак?
Дури и кога се лути, Лавовите ќе направат сè за да бидат во центарот на вниманието – ќе викаат, ќе плачат, ќе трескаат со врати, ќе направат вистинска драма.
Сите реагираме различно кога сме лути и нерасположени. Некои се повлекуваат во себе, други едвај чекаат бесот да го „истурат“ на некој друг.
Астролозите велат дека и нашите реакции зависат во голема мера од хороскопскиот знак.
Како изгледаат хороскопските знаци кога се лути и нерасположени?
Овен
Кога се лути, Овните се опасно импулсивни, непромислени, реагираат бурно и подготвени се да се скараат со секој што ќе им се обрати.
Бик
Карактерот на Бикот не се менува многу кога е лут, само се нагласува – тие стануваат потврдоглави од вообичаено и погласни кога викаат.
Близнаци
Кога се лути, Близнаците стануваат непромислени, сè околу нив им го одвлекува вниманието и кажуваат работи што не ги мислат, па потоа се каат.
Рак
Кога се лути и нерасположени Раковите се изолираат и се повлекуваат во себе, бидејќи не сакат да се караат и да се објаснуваат со околината.
Лав
Дури и кога се лути, Лавовите ќе направат сè за да бидат во центарот на вниманието – ќе викаат, ќе плачат, ќе трескаат со врати, ќе направат вистинска драма.
Девица
Кога се лути, Девиците ќе ја префрлат „вината“ на околината и ќе најдат причина зошто сите околу нив грешат и се виновни за нивното нерасположение.