Љубовен хороскоп за септември 2023: Близнаци - ќе продолжите со интензивен флерт, Ваги - ќе бидете мета на постари заводници

ljuboven-horoskop-za-septemvri-2023-bliznaci-kje-prodolzhite-so-intenziven-flert-vagi-kje-bidete-meta-na-postari-zavodnici-02.jpg

Вага

Ако сте во врска:

Ќе се чувствувате како да сте на некој љубовен испит, дали да ја официјализирате врската или да ставите крај. Овојпат вие ќе бидете страната која поставува услови и многу добро ќе знаете што сакате. Но, не заборавајте да се забавувате во текот на процесот.

Ако сте слободни:

Помладите Ваги ќе бидат мета на постари заводници од спротивниот пол. Исто така, можно е да почнете врска со некој атрактивен колега или колешка од соседната канцеларија. Некоја тајна врска која ви се провлекува одамна, повеќе нема да биде тајна.

Скорпија

Ако сте во врска:

Вашата врска е толку сериозна, што може да оди на следното ниво, како официјализирање со брак или пак проширување на заедницата со деца. Ја интригирате околината со начинот на кој функционирате и тоа без никакви љубоморни испади или непотребни сцени.

Ако сте слободни:

Нема да имате за што да се жалите затоа што магнет сте за спротивниот пол. Вашата љубопитност и страст за животот им е магична. Предмет сте на завидливи погледи и интриги. Можна е голема романса, само бидете подискретни во врска со вашите емоции.

Стрелец

Ако сте во врска:

Ова ќе биде мирен период за вас и период во кој ќе ги поправите работите и ќе уживате во љубовната хармонија. Јасно ќе ја покажете вашата желба за смирување на тензијата и подобрување на односите. Бидете внимателни само со аморовите стрелички кои ви ги испраќа личност од околината.

Ако сте слободни:

На некој концерт, спортски настан или некаква манифестација ќе се запознаeте со личност која ќе ве помести од колосек. Ви се допаѓа да контактирате со огнени знаци, но од друга страна ве плаши тоа да не бидете изгорени. Пронајдете ја вистинската формула како да си го заштитите срцето.

Јарец

Ако сте во врска:

Обидете се да пронајдете златна средина помеѓу работата и љубовта. Интересно е што на партнерот му се допаѓате повеќе, отколку што си се допаѓате самите на себеси. Потребна ви е стабилност, па размислете дали моменталната врска ви го нуди тоа.

Ако сте слободни:

Ќе пронајдете страст и љубов на место на кое најмалку се надевате. Контактите со луѓето ќе ви бидат силна страна и нови познаници, а со тоа и додворувачи нема да ви недостигаат. Само внимавајте да не се вратите на некоја стара љубов.

Водолија

Ако сте во врска:

Нема да ви се допаѓа што партнерот се обидува да ви наметне некаков авторитет. Имавте мала криза во односот и тој одново се обидува да ве насочи на пат, кој вам не ви се допаѓа. Размислете дали можеби е време за крај на оваа врска.

Ако сте слободни:

Ви се додворуваат повеќе личности наеднаш и сега е време да донесете конечно одлука. Ако сакате официјална врска, не можете да седите на две столчиња. Бидете сигурни дека ќе изберете амбициозна личност, која ќе може да се носи со вас и нема да ви здодее.

Риби

Ако сте во врска:

Ова нема да ви биде најсјајниот период во животот, особено ако сте во врска со посесивен партнер. Обидете се да му наметнете дека не сакате таков стил на функционирање или потрудете се да се извлечете од оваа врска. Има толку многу интересни личности, кои сакаат нешто повеќе со вас.

Ако сте слободни:

Ќе уживате во забави и добро друштво и нема да ви биде грижа што сте сингл. Луѓето ве третираат како да сте на пиедесталот и тоа ви годи. Егото ви е посилно од кога било и токму на тоа ќе „падне“ личност од вашата околина. За неа предизвик ќе биде да е во врска со силна личност како вас.

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Каде ќе ја запознаете љубовта на својот живот, според хороскопскиот знак? Авантуристичките Ваги сакаат да го живеат својот живот со полни гради. Зато...
Љубовен хороскоп за ноември 2024: Ракови - токсична личност од минатото ќе сака да ви се врати во жи... Бикови: Можно е работите да станат сериозни, па да ја официјализирате љубовта со...
Годишен хороскоп за 2024: Стрелец Подгответе се, бидејќи 2024-та ќе ви донесе многу изненадувања, нови можности и ...
Годишен хороскоп за 2024: Риби Следната 2024-та година ќе биде вистински предизвик за сите Риби. Ќе ви се случа...
Годишен хороскоп за 2024: Близнаци 2024-та година ќе биде полна со неочекувани пресврти, големи можности, искористе...
3 хороскопски знаци кои ќе доживеат голема љубов во 2024-та Бидете отворени за нови познанства, но не влегувајте избрзано во врска за да не ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg