4 хороскопски знаци кои сакаат да трошат пари на луксузни работи
Рак - Кога станува збор за екстравагантен вкус, тогаш на Раковите никој не им е рамен. Ако само краток период ги анализирате потрошувачките навики на Раковите, тогаш ќе сфатите дека тие се „тешки за одржување“.
Некои хороскопски знаци копнеат за раскошен животен стил, но не за да се покажат, туку затоа што вистински уживаат во одредени квалитетни парчиња мебел или облека кои им се допаѓаат или пак во одмор достоен за кралски припадници.
Кои се тие?
Близнаци
Тие сакаат квалитетни и скапи работи, па од дизајнерска облека до одредени брендови на вино, не штедат кога станува збор за нивното задоволство.
Во животот ги сакаат само најубавите работи, но исто така знаат и да штедат.
Ако треба ќе се помачат повеќе, само за да си го обезбедат најдоброто за себе.
Бик
Може да шетаат по продавници со месеци и месеци само за да го најдат тој вреден предмет, кој толку многу го посакуваат.
Неретко се случува да потрошат голема сума пари само за една работа, вкусот им е префинет и никогаш не купуваат импулсивно, туку по долго промислување.
Уживаат во убави работи и на нив гледаат како на добра инвестиција.
Рак
Кога станува збор за екстравагантен вкус, тогаш на Раковите никој не им е рамен. Ако само краток период ги анализирате потрошувачките навики на Раковите, тогаш ќе сфатите дека тие се „тешки за одржување“.
Сакаат раскошни вечери, винтиџ фотоапарати и не сакаат да си го ограничат трошењето, затоа што се сигурни дека не трошат на „брза мода“, туку на класика која ќе има вредност засекогаш.
Познати се по тоа што сакаат да им купуваат скапи работи и на своите сакани. Суптилни се и не сакаат големи написи на брендови.
Риби
Тие сакаат да инвестираат пари во безвременски парчиња мебел или модерни гаџети. Имаат одличен вкус и внимателно бираат што купуваат.
Може да се случи во одреден момент да бараат конкретен модел на кожена јакна од 80-тите и да не сопрат додека не ја пронајдат.
Исто така, сакаат раскошни одмори, каде ќе се чувствуваат како припадници на кралското семејство. Дури би повеле на своја сметка и неколку свои пријатели.
С. С. | Црнобело