Хороскопски знаци што го менуваат односот со партнерот (и бегаат) веднаш по сексот (18+)
Стрелецот ќе почне да ги избегнува повиците и да ве игнорира, а Скорпијата целосно ќе го промени расположението кон партнерот. Кои четири хороскопски знаци најчесто бегаат од партнерот откако ќе ги задоволат сексуалните потреби?
Некои луѓе се познати по тоа што го менуваат односот со партнерот веднаш по првиот секс, а според астролозите голема улога во тоа има и хороскопскиот знак.
Кај кои хороскопски знаци веднаш по сексот можете да забележите промена?
Скорпија
Важат за мошне чувствителни, мистериозни но и страсни луѓе, чијашто главна цел е да ги задоволат сопствените страсти.
За нив сексот претставува физичка потреба, а сакаат да експериментираат со различни врски. Сметаат дека тие треба да го имаат главниот збор за тоа со кое темпо и како ќе се развива романтичната врска.
Често се случува воопшто да не го земат предвид размислувањето на партнерот или да не внимаваат на неговите чувства, а одлуките за врската понекогаш ги носат импулсивно.
Најчесто тоа се должи затоа што веруваат дека партнерот секогаш е тука за да ги задоволи нивните потреби и не водат сметка дали тој очекува врската да се развие во нешто посериозно.
Имајќи го предвид претходно кажаното, воопшто не изненадува што Скорпијата може целосно да го промени расположението и односот со партнерот, само неколку дена откако имале сексуален однос.
Стрелец
Стрелецот е во врска со одредени луѓе сѐ до оној миг додека не ја задоволи сопствената љубопитност.
Луѓето родени во овој знак имаат силно либидо, а често сакаат да флертуваат и мошне се страсни како луѓе, па затоа и кога се во сериозни врски, знаат често да се впуштат во афери.
Тешко се поврзуваат со партнерите и ретко се подготвени да влезат во сериозна врска, па затоа може да се случи по сексуалниот однос да делуваат дистанцирано.
Стрелците не сакаат да ги повредат луѓето, но често се случува да ги игнорираат повиците или да не се појават на состаноци, откако нивните сексуални апетити биле задоволени.
Не можат да видат дека со своето однесување не му даваат на знаење на партнерот дека сакаат да се оддалечат, туку само повеќе го загрижуваат.
Овен
Кога станува збор за интимните односи, Овните по природа се мошне љубопитни. На почетокот на врската познати се по тоа што разменуваат страсни пораки со партнерот и не се плашат да ги покажат емоциите во јавност, па може да се случи погрешно да ги разберете и да сметате дека се подготвени за нешто сериозно.
Најчесто ова е добро разработената техника на Овните, со којашто успеваат да го натераат партнерот брзо да прифати сексуален однос.
Но, треба да се знае дека Овните многу повеќе внимание посветуваат на хемијата што постои меѓу партнерите, отколку на емотивната компатибилност, па затоа честопати се случува по сексот да немаат што да му кажат на партнерот.
Врските со овие луѓе се мошне тешки, па може да се случи нивниот партнер да се чувствува целосно емотивно исцрпен на крајот.
Бик
На Биковите најмногу им се допаѓа идејата за брз секс без обврски. Обожаваат да преземат иницијатива за да го заведат партнерот, со цел да го натераат да ги исполни сите нивни фантазии и желби.
Иако на прв поглед звучат како совршени партнери, вистината е дека Биковите се мошне пребирливи, па може за кратко време да почнат да ја преиспитуваат одлуката дали навистина сакаат да бидат со личноста со која се во врска.
Сосема е веројатно на крајот да сфатите дека Бикот бил заинтересиран многу повеќе за секс, а не за сериозна врска.
Б. С. Б. | Црнобело