Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


4 хороскопски знаци кои си посакуваат љубовна приказна, како од романтична комедија

Вага: Сакаат партнер со кој ќе креираат незаборавни спомени и ќе се фалат на сите дека имаат љубов како од филмовите.

4-horoskopski-znaci-koi-si-posakuvaat-ljubovna-prikazna-kako-od-romantichna-komedija-01.jpg

Некои хороскопски знаци се реалистични и знаат дека во љубовта има подеми и падови, но некои не, тие не се задоволуваат со ништо помалку од совршена љубовна приказна, како од филмовите.

Кои се тие?

Хороскопски знаци кои си посакуваат љубовна приказна, како од романтична комедија:

Бик

Тие сакаат да живеат во свој сопствен свет и да си фантазираат за идеална љубов.

Безнадежни романтичари се, па си ја замислуваат идеалната љубовна приказна дури и кога се сингл.

Имаат високи стандарди за тоа како треба да изгледа совршената љубов и не сакаат ништо помалку од она што го гледаат во романтичните комедии.

4-horoskopski-znaci-koi-si-posakuvaat-ljubovna-prikazna-kako-od-romantichna-komedija-03.jpg

Рак

Тие постојано си го замислуваат идеалниот партнер и често тој е дури како некој лик од нивната омилена романтична комедија.

Во животот жедни се за да доживеат идеална љубовна приказна.

На моменти очекувањата им се дури нереални, па знаат да уништат квалитетна врска само затоа што не ја сметаат за идеална како од филмовите.

Вага

Тие си имаат свој замислен свет и сакаат да ги вовлечат луѓето во таа нивна романса од фантазиите.

Интензивно копнеат за љубов и се најстрасниот знак во Зодијакот.

Сакаат партнер со кој ќе креираат незаборавни спомени и ќе се фалат на сите дека имаат љубов како од филмовите.

Само ако им недостига мала доза на љубов, тие се чувствуваат напуштено и осамено.

4-horoskopski-znaci-koi-si-posakuvaat-ljubovna-prikazna-kako-od-romantichna-komedija-02.jpg

Риби

Тие понекогаш се исклучуваат од реалноста поради тоа што минуваат премногу време во својот замислен свет.

Истото се случува и кога станува збор за љубовните врски. Може дури и да креираат проблем со притисокот нивната љубовна врска да изгледа како од филмовите.

Сакаат да сонуваат со отворени очи и да се фокусираат на позитивното, наместо на негативното.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кои 5 хороскопски знаци ќе бидат најсреќни во 2025-та? Лавови - Во 2025-та ќе зрачите со некоја посебна магија и шарм од самото тоа што...
6 хороскопски знаци кои (најверојатно) ќе имаат богати партнери во животот Бик: Тие се познати по тоа што го ценат луксузот и комфорот, па природно им доаѓ...
5 хороскопски знаци кои имаат тежина во душата по секоја кавга Знаете кога во народните приказни ќе кажат „имам жаба на душата“? Епа таков тип ...
Хороскопски знаци кои ќе имаат успех во кариерата и љубовта до крајот на зимата 2025 Скорпија - Ненадејно ќе добиете деловна шанса што може да ви ја подобри финансис...
6 хороскопски знаци на кои често им е подобро сингл (+ зошто) Oвен: Сакаат спонтаност и лична слобода и не им е пријатно кога треба да прават ...
3 хороскопски знаци кои ќе ја пронајдат љубовта во есен 2024 Јарец: Ќе ја пронајдете стабилноста и љубовта за која одамна копнеевте. Оваа есе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg