Кој ќе победи на „Х-фактор Адриа“?

После неколку месеци, аудиции, елиминации, критики, пофалби и возбуди, во недела на 23.март во Конбанк Арената во Белград ќе се случи долгоочекуваното финале на првиот регионален „Х-фактор“.

koj-ke-pobedi-na-x-faktor-adria-01

Од сите пријавени кандидати, во изминатиот период преку елиминациони емисии се избраа петмината најдобри кои го заслужија своето место во големото финале.

Меѓу нив се најде нашиот Даниел Кајмакоски, машкиот бенд „Доктори“, Маид Хеќимовиќ, Лукијан Ивановиќ и единствената девојка, Тамара Милановиќ.

Сите тие ќе пеат најпрво по една песна, избраните тројца ќе пеат и втора песна, а најдобрите двајца ќе имаат можност да испеат и трета песна, по што ќе биде одлучен победникот.

Секој има свој фаворит, но бидејќи гласовите единствено зависат од смс пораките на публиката и гледачите, ајде да провериме за кого ќе испратите најмногу пораки!

Гласајте на нашата анкета за вашиот фаворит и прогнозирајте го победникот:

{jvotesystem poll=|2|}

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg