Правила за гласење во финалето на „Х-фактор Адриа“

Даниел на својата Фејсбук фан страница ги објави правилата за гласање во големото финале на „Х-фактор“ во недела на 23. март, по што конечно ќе биде одреден победникот.

pravila-za-glasanje-vo-finaleto-na-x-faktor-adria-01

Овојпат, жирито нема никаков удел во одлуката, туку сè останува на гледачите и обожавателите кои ќе гласаат преку смс пораки за своите фаворити.

Сите пет финалисти прво ќе пеат по една песна, па ќе има кратка пауза за гласање.

По собирањето на гласовите ќе се соопштат имињата на двајца финалисти кои имаат најмалку гласови и кои веднаш го напуштаат шоуто.

Во следниот круг, останатите тројца финалисти ја пеат својата втора песна, по што повторно има кратка пауза гласање.

 После оваа пауза се собираат гласовите и се соопштува името на еден од финалистите кои го напушта шоуто поради најмал број пристигнати смс пораки за него.

Во последниот круг остануваат двајцата најдобри финалисти, кои ќе ја пеат својата трета песна во дуелот за првиот победник на „Х-фактор Адриа“.

Она што е најважно е во сите паузи за гласање, да испраќате максимален број на дозволени пораки од вашите мобилни телефони за да му ја дадете вистинската поддршка на Даниел и да ја освои победата што досега покажа дека најмногу ја заслужува.

pravila-za-glasanje-vo-finaleto-na-x-faktor-adria-1

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg