Даниел Кајмакоски со 60 отсто од гласовите е потенцијален победник на „Х-фактор“
Ако не се случи нешто што во целост што би ја променило волјата на публиката, Даниел Кајмакоски ќе биде победник на првото балканско издание „Х-фактор“, дознава српски „Блиц“ од извори блиски до продукцијата.
- Даниел во досегашните емисии освојува неверојатни 60 отсто од сите пристигнати гласови, додека другите учесници ги делат останатите 40 отсто. На овој однос на гласовите не влијае ниту тоа што секоја емисија се намалува бројот на кандидати. Ако Даниел не направи нешто што публиката во целост ќе ја премисли, мислам дека неговиот пат до триумфот ќе биде прилично лесен. Невозможно е да е замисли што би морале другите да направат за да ја надоместат разликата во гласови, така што речиси е извесно дека сега сè зависи од него и дека единствено сам себе може да си наштети, - изјавува добро информиран извор до продукцијата.
На втората позиција според гласовите е малечката Илма Карахмет, која од првата емисија ги освојува сите, но разликата во гласовите меѓу неа и Даниел е многу голема.
На третата позиција е Тамара Милановиќ, која е веќе докажана пред српската публика од слично шоу „Јас имам талент“. И покрај некои негативни критики и забелешки од жирито, публиката гласа за неа.
Продуцентите на „Х-фактор“ не сакале да ги коментираат сознанијата на „Блиц“.
Овој вторник, на Сител телевизија во 21:00 часот ќе гледаме уште едно Live show на кое кандидатите ќе се претстават со песни од домашната сцена, на мајчин јазик.
Дали овојпат Даниел навистина ќе пее на македонски, останува да видиме. Но како и да е, гласовите за поддршка се секогаш добредојдени.
Во оваа емисија од бараж гласањето се враќа и Маид, а оној кој ќе има најмалку гласови отпаѓа.
Финалето на првиот „Х-фактор“ ќе се одржи во февруари, во Комбанк арената, а победникот ќе освои турнеја, албумско издание за „City records“ и „Sony music“, 2 видеоспота, ПР поддршка, автомобил и парична награда.
извор: blic.rs