Детективска загатка: Дали самоубиството на тенисерот е вистинско или подметнато?
Ајде да провериме колку сте научиле од крими сериите. Разгледајте го случајот и откријте дали се работи за самоубиство или за убиство.
Дали сте фан на крими серии и филмови? Учите ли по некои тактики од филмските детективи или имате во вас вродено инспекторско чувство?
Ајде да провериме, погледнете го случајот:
Неочекувана случка ќе го вознемири тенискиот клуб каде вообичаено работите течат нормално и мирно.
Дечкото со црвена капа, кој во 5 часот попладне играл тенис со својот соиграч, еден час подоцна лежи мртов во соблекувалната со пиштол во рака, а го пронашол хигиеничарот кој веднаш пријавил.
Сѐ укажува на самоубиство, но дали е навистина така?