Ќе имате ли среќа денес: Колку брзо ќе ја најдете четирилисната детелина на фотографијата?
Велат дека четирилисната детелина носи среќа, па проверете колку брзо можете да ја најдете на фотографијата.
Дали и вие сте од оние што веруваат дека четирилисната детелина ви носи среќа? Обидете се да ја најдете на фотографијата и проценете колку ќе ве следи среќа денес.
Детелината вообичаено има по три листа, а четирилисните се мошне ретки. Според некои статистики, шансата да најдете четирилисна детелина во природата е 1:10.000.
Честопати четвртиот лист може да биде помал или да има поразлична боја од трите останати листови, така што не мора да значи дека во природата секогаш четирилисните детелини имаат совршена симетрична форма.
На фотографијата има само една четирилисна детелина со четири симетрични листови.
Колку време ќе ви треба за да ја пронајдете?