Квиз за логичари: Како ќерката го наследила таткото крал, иако не го сакала престолот?
Ве будиме од зимски сон со една логичка загатка – многумина можеби се сретнале некогаш со неа и веднаш ќе погодат, но некои сигурно ќе се помачат.
Станува збор за традиционална загатка со наследување на кралскиот престол од таткото – но, која од трите ќерки ќе го добие? Точниот одговор ви е „пред нос“, но треба да го „вклучите“ умот.
Следете ја приказната:
Кралот на многу далечно кралство веќе почнал да старее и да размислува за прогласување наследник. Тој имал 3 ќерки, секоја посебна на свој начин, па кралот не можел да се одлучи која од нив да го наследи и да стане кралица.
Две од ќерките имале огомна желба да го наследат и нивната цел цел живот била да станат кралици, додека третата ќерка била помалку заинтересирана. Сепак, кралот сакал да биде праведен со сите три.
Еден од неговите советници дошол до идеја како полесно да одлучи: кралот да им даде задача на трите ќерки, а таа што ќе победи - да го освои тронот.
Тие требало да наполнат тенџере со вода, а ќерката чие тенџере најбро ќе ја свари водата – ќе стане негов наследник.
Кралот ја донел одлуката и кога дошол денот за задачата, принцезите ги ставиле на оган тенџерињата полни со вода.
Две од нив со цело срце сакале да успеат во својата цел и биле максимално посветени, но на крајот, сепак „натпреварот“ го освоила третата ќерка која не го сакала тронот.
М. М. | Црнобело