Квиз за логичари: Зошто девојката избегала од хотелот во кој се крие?
-->
Нов логички предизвик за вас – прочитајте ја приказната за девојката која избегала од дома и откријте зошто избегала и од хотелот во кој требало да се скрие.
Понекогаш на сите ни е потребно да направиме пауза од работата и секојдневните обврски и да го фокусираме умот на нешто друго.
-->
Подготвивме нова загатка за оние кои сакаат логички да размислуваат.
Следете го описот на сценариото и прикажаните сцени и на крај обидете се да одговорите точно:
Елизабета е ќерка на милионер, кој постојано ѝ го контролира животот.
Откако таткото ѝ кажал дека ѝ нашол вереник, девојката решила да побегне од дома.
Таа со себе земала доволно пари и го земала најскромниот автомобил од гаража.
Девојката знаела дека нејзиниот татко веднаш ќе ги прати неговите луѓе да ја вратат, па затоа никогаш не останувала во ист хотел подолго од една вечер.
Еден ден, се нашла во мало гратче со мали, скромни хотели. Веќе се стемнувало и немала избор, па морала да се смести во првиот хотел на кој наишла.
-->
-->
Рецепционерката ја услужила, ѝ кажала дека ќе биде сместена во соба број 710 и се понудила да ја однесе до собата.
-->
Елизабета веднаш ја грабнала торбата, излегла од хотелот и избегала со автомобилот.
Зошто Елизабета избегала од хотелот?
М. М. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:
Логичка загатка: Колку пари добила мачката?
Патката добила 900 денари, пајакот добил 3600 денари... Дали можете да откриете ...
Низ која врата ќе поминете безбедно?
Иако на прво гледање зад сите врати се крие по нешто опасно низ една од нив може...
Логичка загатка: Кој куфер кому му припаѓа?
Оваа лесна логичка загатка би требале да ја решите за само неколку секунди. Може...
Логичка загатка: Кој греши - жената или мажот?
И мажот и жената готват, но еден од двајцата греши. Можете ли да откриете кој (и...
Логичка загатка: Пет пријатели имаат различни алергии - кој е алергичен на што?
Логичките загатки, колку и да се лесни, ни помагаат да го „раздвижиме и вежбаме“...
Имате ли изострен вид - Кој е крадецот?
Погледнете ја убаво фотографијата и пробајте да откриете кој е крадец... Имате л...