Квиз: Кој од тројцата мажи е криминалец?
Ставете се повторно во улога на детектив, разгледајте ја добро прикажаната ситуација и откријте – кој е криминалец?
Мислите дека не може да пропуштите ниту еден детаљ? Подготвивме мини квиз за да ве провериме.
Прочитајте ја детално настанатата ситуација, обвинението и алибијата на осомничените и кажете кој е виновник...
Обезбедување на аеродром задржало тројца патници кои биле сомнителни за криминално дело.
Еден од нив тројца е виновен за криумчарење нешто нелегално надвор од земјата.
Првиот маж се упатувал на патување во спа ресорт.
Во неговиот куфер биле пронајдени работи потребни за на плажа – чадор, очила за сонце, пешкир и креми за сончање.
Вториот маж со себе имал интересен багаж.
Со себе носел еден кафез со 3 разнобојни птици и еден кафез со семејство хрчаци. Тој ги имал сите потребни документи за нив.
Третиот маж одел на бизнис патување.
Во неговиот куфер тој носел одело, документи, паста и четка за заби и шише шампон за коса од скапа марка.
М. М. | Црнобело