Тест низ едно прашање: Која од жените држи туѓо дете?
Ако ја одбравте жената број 1
Вие сте човек со малку пријатели, но кога ќе почувствувате близина со некого, правите сè што е во ваша моќ за да ја направите личноста среќна. Го цените личниот простор и не дозволувате никој да ви го наруши мирот.
Кога имате тешки животни предизвици и проблеми, сакате да размислувате и барате решение сами. Семејството и пријателите секогаш знаат дека 100% можат да се потпрат на вас.
Сепак, знаете да се жртвувате премногу за луѓе кои не би го направиле истото за вас.
Ако ја одбравте жената број 2
Вие сте човек кој ја има усовршено способноста за слушање. Секогаш сте добра потпора на луѓето и не можете предолго да држите лутина. Добро се снаоѓате со секаков тип на луѓе, па затоа имате многу пријатели.
Почитувани сте и помеѓу колегите, иако понекогаш знаете премногу да избрзате со приврзувањето и отворената комуникација за емоциите, па предоцна да сфатите дека сте направиле грешка.
Ако ја одбравте жената број 3
Вие сте смирен човек со кој луѓето уживаат да разговараат. Верувате дека пријателствата се многу важни во животот и сакате да се поврзувате со различни луѓе.
Подготвени сте за компромис, дури и со непријателот. Не сакате кога луѓето се несреќни и незадоволни во ваша околина.
Сепак, некогаш знаете да биде импулсивни и за мала ситница да прекинете било каква комуникација.
М. Д. | Црнобело