1. Марко, Горан и Бобан работеле како менаџери во иста канцеларија. Еден од вработените бил отпуштен, другиот бил унапреден во директор, а третиот сакал да дадете отказ, но се предомислил. Знаеме дека тој што е отпуштен е постар од другите и не е женет. Горан е помлад од оној кој останал на работа, а тој не ја познава сопругата на Бобан. Кој од тројцата вшусност бил отпуштен?
ОдговорОтпуштениот вработен е постар од другите двајца. Со оглед на тоа што Горан е помлад од оној кој останал на работа, значи не е тој отпуштениот, туку унапредениот. Исто така, тој што е отпуштен, не е женет, а Бобан има сопруга, значи Бобан е тој што останал на работа. Останува Марко – тој е отпуштениот вработен.
2. Мајката им дала на нејзините 3 ќерки 20 бонбони и им рекла да ги поделат така што, најстарата ќе добие половина од нив, средната ќе добие четвртина од нив, а најмалата ќе добие петтина. Кршењето на бонбоните е забрането. Девојчињата се расправале многу и не можеле да најдат решение, па отишле кај татко им. Тој им рекол дека ќе им помогне ако му дадат една бонбона. Девојчињата се согласиле и таткото ги поделил бонбоните како што кажала мајката. Колку бонбони добил секој од нив?
ОдговорНа најстарата ќерка ѝ дал 10 бонбони (една половина од 20), на средната ќерка ѝ дал 5 (една четвртина од 20) и на најмалата ѝ дал 4 бонбони (една петтина од 20), а за себе си задржал една бонбона.
3. Во аквариум има 10 риби. Две од нив се удавени, 4 отпливале и три умреле. Колку риби останале во аквариумот?
ОдговорРибите не може да се удават, ниту да отпливаат некаде кога се во аквариум, трите риби кои умреле се уште внатре, така што има 10 риби во аквариумот.
4. Како може човек да издржи 10 дена без сон?
ОдговорСпие навечер.
М. М. | Црнобело
-->
-->
Би можело да ве интересира:
-->