Загатки со кои ќе се помачите ако сте навикнати да работите механички

Иако можеби периодов сте ставени во „одмор состојба“, сепак не е добро целосно да ги запоставите умствените активности.

zagatki-so-koi-kje-se-pomachite-ako-ste-naviknati-da-rabotite-mehanichki-01.jpg

Секако, не мора да правите ништо тешко, понекогаш е доволно само да отворите кратко умствен тест и да го „размрдате“ мозокот.

Овие загатки се идеални за таа цел со оглед на тоа што можат да ја зголемат моќта на мозокот преку забава.

Ако сакате да си ја тестирате логиката и отворениот ум, почнете да ги решавате загаткиве.

Загатки со кои ќе се помачите ако сте навикнати да работите механички
  1. 1.

    Еден детектив бркал криминалец кој влегол во една запуштена куќа. Сопственикот на домот го викнал детективот да влезе да провери.

    Детективот прашал: „Дали некој дојде овде?“

    Сопственикот одговорил: „Не, никој не бил во куќава.“

    Детективот прашал: „Дали живеете со семејството?“

    Сопственикот одговорил: „Не, сам сум.“

    Детективот рекол: „Во ред, благодарам. Сакате цигара?“

    Сопственикот одговорил: „Не, благодарам. Не пушам.“

    Детективот донел заклучок дека има 3 докази кои покажуваат дека сопственикот лаже. Што забележал тој во собата?

    Одговор
  2. 2. Судејќи само по фотографијата, што мислите, која од овие девојки е во брак?
    Одговор
  3. 3.

    Многу одамна, постоело кралство, во кое кралот не дозволувал никој да ја напушти неговата империја, а ниту пак пуштал непознати во неа. Постоел само еден мост кој го поврзувал кралството со останатиот свет. Кралските наредби гласеле дека секој кој ќе се обиде да излезе ќе биде убиен, а секој кој ќе се обиде да влезе, ќе биде вратен назад.

    За да направи пауза, чуварот седи во неговата куќарка 5 минути и потоа повторно се враќа да набљудува, а за да се помине мостот целосно, потребни се 8 минути.

    Само една жена успеала да избега, знаете ли како?

    Одговор
  4. 4.

    Стефан решил дека сака да оди на нуркање. На неговиот прв обид, тој се изгубил целосно во просторот под вода и не знаел во која насока е површината. На сета мака, плус снемувал кислород.

    Како успеал да го најде патот нагоре?

    Одговор
  5. 5.

    Млад брачен пар набрзо по свадбата одлучил да оди на меден месец. Но, сопругот се вратил порано од патувањето и кажал дека неговата сопруга починала во несреќен случај. Полицијата веднаш го уапсила велејќи: „Според вашиот туристички агент, вие сте ја убиле сопругата.“

    Како туристичкиот агент знаел дека било убиство?

    Одговор

 M. M. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Логичка загатка: Зошто годините на Никола одат наназад? Дали сметате дека логиката ви е силна страна? Ако одговорот е „да“, оваа загатка...
Логичка загатка: Колку луѓе отишле на пикник? Дали логиката ви е силна страна или не ви оди од рака? Ако вашиот одговор е „да“...
Загатка за досетливи умови: Која куќа прво ќе биде изгасната? Дали сакате загатки што ви ја тестираат логиката? Ако да, тогаш оваа загатка сиг...
Логичка загатка: Колку нозе има на подот? Дали размислувате логично и „надвор од кутијата“ или логиката не ви е силна стра...
Лесна логичка загатка: Што сум јас? Дали ви е логиката силна страна или скоро никогаш не успевате да одговорите точн...
Логична загатка: Од која фигура ќе ја добиете коцката на илустрацијата? Дали ви е логиката силна страна? Ако мислите дека размислувате логично, тогаш ов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg