Загатка која ќе ја решат само луѓето со натпросечно IQ: Кој е убиецот, а кој жртвата?
Млад детектив по име Смит се соочил со најкомплицираниот случај за убиство. Во случајот биле вмешани 5 лица, кои сите се знаеле меѓусебно. Едно од нив било застрелано со пиштол.
За жал, во документите немало име ниту на убиецот, ниту на жртвата. Само се знаело дека се работи за две лица од дадените пет.
Смит требало внимателно да ги проучи сите поединечно, па според деталите да открие кој е сторителот, а кој е жртвата во случајот.
Можете ли да го направите истото ако ви се дадени следниве информации:
Џон
Џон е аматер тенисер. Денот после убиството учествувал во турнир и играл со противник кој не е никако поврзан со случајот.
Џек
Џек се преселил во градот каде се случило убиството 1 година пред да се случи убиството. Бил роден и растел на мал остров, каде најчесто луѓето се занимавале со риболов. Неговиот главен сон бил да има едреник за риболов.
Стив
Стив работел како модел и бил нарцисоиден. До толку, што неколку дена пред убиството, позирал пред сликарот Бил, кој требало да му направи портрет.
Бил
Бил е познат сликар, кој рекол дека би требало да го заврши портретот на Стив најдоцна за 1 недела.
Алекс
Веднаш по убиството, Алекс отишол на Антарктикот како дел од експедиција за да учи да живее во екстремни услови. Таму е и за време на истрагата, заедно со уште 20 научници.
Дополнителни околности кои ќе ви помогнат при одговорот:
- Недела пред да се случи убиството, убиецот ја скршил ногата.
- Стив и Алекс станале познаници 6 месеци пред убиството.
- Алекс и убиецот се знаеле уште од детството – пораснале во исто маало во голем град.