Загатка која ќе ја решат само луѓето со натпросечно IQ: Кој е убиецот, а кој жртвата?

Млад детектив по име Смит се соочил со најкомплицираниот случај за убиство. Во случајот биле вмешани 5 лица, кои сите се знаеле меѓусебно. Едно од нив било застрелано со пиштол.

zagatka-koja-ke-ja-reshat-samo-lugjeto-so-natprosecno-iq-koj-e-ubiecot-a-koj-zrtvata-01.jpg

За жал, во документите немало име ниту на убиецот, ниту на жртвата. Само се знаело дека се работи за две лица од дадените пет.

Смит требало внимателно да ги проучи сите поединечно, па според деталите да открие кој е сторителот, а кој е жртвата во случајот.

Можете ли да го направите истото ако ви се дадени следниве информации:

Џон

Џон е аматер тенисер. Денот после убиството учествувал во турнир и играл со противник кој не е никако поврзан со случајот.

zagatka-koja-ke-ja-reshat-samo-lugjeto-so-natprosecno-iq-koj-e-ubiecot-a-koj-zrtvata-02.jpg

Џек

Џек се преселил во градот каде се случило убиството 1 година пред да се случи убиството. Бил роден и растел на мал остров, каде најчесто луѓето се занимавале со риболов. Неговиот главен сон бил да има едреник за риболов.

zagatka-koja-ke-ja-reshat-samo-lugjeto-so-natprosecno-iq-koj-e-ubiecot-a-koj-zrtvata-03.jpg

Стив

Стив работел како модел и бил нарцисоиден. До толку, што неколку дена пред убиството, позирал пред сликарот Бил, кој требало да му направи портрет.

zagatka-koja-ke-ja-reshat-samo-lugjeto-so-natprosecno-iq-koj-e-ubiecot-a-koj-zrtvata-04.jpg

Бил

Бил е познат сликар, кој рекол дека би требало да го заврши портретот на Стив најдоцна за 1 недела.

zagatka-koja-ke-ja-reshat-samo-lugjeto-so-natprosecno-iq-koj-e-ubiecot-a-koj-zrtvata-05.jpg

Алекс

Веднаш по убиството, Алекс отишол на Антарктикот како дел од експедиција за да учи да живее во екстремни услови. Таму е и за време на истрагата, заедно со уште 20 научници.

zagatka-koja-ke-ja-reshat-samo-lugjeto-so-natprosecno-iq-koj-e-ubiecot-a-koj-zrtvata-06.jpg

Дополнителни околности кои ќе ви помогнат при одговорот:

  • Недела пред да се случи убиството, убиецот ја скршил ногата.
  • Стив и Алекс станале познаници 6 месеци пред убиството.
  • Алекс и убиецот се знаеле уште од детството – пораснале во исто маало во голем град.

zagatka-koja-ke-ja-reshat-samo-lugjeto-so-natprosecno-iq-koj-e-ubiecot-a-koj-zrtvata-07.jpg

Одговорот се крие на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Низ која врата ќе поминете безбедно? Иако на прво гледање зад сите врати се крие по нешто опасно низ една од нив може...
Логичка загатка: Кој греши - жената или мажот? И мажот и жената готват, но еден од двајцата греши. Можете ли да откриете кој (и...
Имате ли изострен вид - Кој е крадецот? Погледнете ја убаво фотографијата и пробајте да откриете кој е крадец... Имате л...
Загатка за љубителите на мистерии: Како детективот знаел дали е убиство или самоубиство? Ако сте љубител на криминалистичките романи и сакате мистерии, оваа загатка ќе в...
Кој греши - сестрата или братот? Двете илустрации на прво гледање делуваат забавно, но едната од нив е нелогична....
Трик прашање за остроумни: Што сум јас? Озборувачите можеби ќе се пронајдат, но ова трик прашање сепак не е поврзано со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg